Ракомет

Младост Богданци го засили ростерот со искусен српски интернационалец

Сподели
Сподели

Новиот суперлигаш Младост Богданци продолжува со комплетирањето на тимот пред своето враќање во најсилната македонска ракометна конкуренција, а клубот денес официјално го потврди ангажманот на српскиот интернационалец Жељко Пеиќ.

Станува збор за 27-годишен ракометар висок 192 сантиметри, кој игра како среден бек. Пеиќ е играч со големо искуство и карактеристика која може да биде особено значајна за Младост – одлично се снаоѓа во двата правци, со посебен акцент на дефанзивните задачи.

Новиот ракометар на богданчани зад себе има богата интернационална кариера. Потекнува од Спартак Суботица, каде настапуваше до 2020 година, по што го носеше дресот на повеќе српски клубови, меѓу кои Мачва, Прибој, Топличанин и Југовиќ Каќ.

Во 2024 година замина во Босна и Херцеговина, каде настапуваше за Вишеград, додека минатата сезона беше дел од грчкиот Зафиракис. Во својата кариера има настапувано во српската, босанската и грчката Суперлига, а има и искуство од европските купови.

Со ангажманот на Пеиќ, Младост Богданци добива искусен ракометар кој може да донесе дополнителна сигурност во одбраната, но и квалитет повеќе во организацијата и реализацијата на нападот.

Богданчани по освоеното место во Суперлигата оваа сезона ги очекува нов предизвик во елитата. Првиот натпревар ќе го одиграат на гостински терен против Бутел Скопје, во рамките на првото коло.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Второлигашот Кожуф го промовираше новиот тренер

Второлигашот Кожуф го промовираше Вангел Алтипармаковски за нов шеф на стручниот штаб. Алтипармаковски ќе го преземе сениорскиот тим и ќе го предводи гевгелискиот...

ФудбалФутсал

Македонскиот футсал шампион го промовираше Насаф Шабанов

Екипата на Проект од Јосифово за сезона 2026/2027 ќе биде посилна со Насаф Шабанов, кој е промовиран во дресот на македонскиот футсал шампион....

Поврзани написи
Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер до првиот европски бод, Кузмановски со капитенска партија за паметење!

Еурофарм Пелистер стигна до првиот бод во новата сезона во Европската лига,...

Ракомет

ЕКСКЛУЗИВНО: Моралес пред Вардар – Висла: „Два бода од „Јане Сандански“ се многу тешка задача!“

Вардар го очекува нов европски предизвик во Лигата на шампионите, а на...

РакометРакометна репрезентација

Македонија со познати термини за битката за ЕП 2028!

Македонската ракометна репрезентација во ноември ќе го започне патот кон Европското првенство...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!