Ракомет

Македонија доби организација на голем младински ракометен шампионат

Сподели
ФОТО: РФМ
Сподели

Скопје повторно ќе биде во центарот на медитеранскиот ракомет, откако Македонија ја доби организацијата на 23. MHC Open Men’s Championship, кој ќе се одржи во април следната година.

Одлуката е донесена на седницата на Извршниот комитет на Медитеранската ракометна конфедерација (MHC) одржана на 27 август 2026 година, при што едногласно било одлучено домаќин и организатор на првенството да биде Ракометната федерација на Македонија.

Шампионатот ќе се одржи од 18 до 25 април 2027 година во Скопје, а право на настап ќе имаат младите ракометари родени во 2010 година и помлади.

Добивањето на организацијата претставува ново признание за македонскиот ракомет и доверба во капацитетите на РФМ за реализација на меѓународни натпревари и турнири.

Така, главниот град повторно ќе биде домаќин на меѓународен ракометен настан, овојпат со фокус на најмладите таленти од медитеранскиот регион.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбал

ФОТО: Брера ја „прегази“ Санта Колома како на тренинг во Струмица, Шириќ со хет-трик

Македонскиот младински шампион Брера Струмица со убедливи 8:0 го совлада тимот на Санта Колома во меч на тотална доминација за следна фаза од...

Ракомет

Ќосевски пред Мулти Есенс: „Нè очекува млада и борбена екипа, но нашата цел е јасна“

По значајната победа во дербито со Алкалоид на домашен терен, ракометарите на ГРК Охрид ги очекува нов предизвик во Супер лигата. Во рамките...

Поврзани написи
Ракомет

Ќосевски пред Мулти Есенс: „Нè очекува млада и борбена екипа, но нашата цел е јасна“

По значајната победа во дербито со Алкалоид на домашен терен, ракометарите на...

Ракомет

Ексклузивно за Спортска Мрежа: Моралес пред реваншот со Вардар: „Мораме да се бориме за секоја топка!“

Екипата на Висла Плоцк ја очекува реваншот со Вардар во четвртото коло...

Ракомет

Еурофарм Пелистер немоќен во Германија: Гумерсбах го казни падот на битолчани

Ракометарите на Еурофарм Пелистер не успеаја да стигнат до позитивен резултат на...

Ракомет

Литвански арбитри ќе ја делат правдата на дуелот меѓу Висла и Вардар!

Вардар го очекува нов европски предизвик на гостински терен, а за регуларноста...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!