Ракомет

Савревски пред Супер Купот: „Нема фаворити на теренот!“

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Охрид и Вардар пристигнаа во Гевгелија каде утре ќе ја имаат првата можност во новата сезона да се борат за трофеј. Салата „26 Април“ ќе биде местото на големата пресметка за Супер Купот, во која „гладијаторите“ ќе влезат со самодоверба по двете претсезонски победи над истиот противник.

Двата состави веќе трипати ќе ги одмеруваат силите во краток период, ако се смета и утрешниот натпревар, бидејќи претходно се сретнаа на завршниците на турнирите во Струга и Охрид. Во двата дуела триумфираше Охрид, но Давид Савревски не очекува тоа да има пресудна улога во мечот за првиот официјален трофеј.

Десниот бек на охриѓани смета дека неговиот тим е подготвен за предизвикот, но потенцира дека конечниот исход ќе го одлучат желбата, борбеноста и она што двата тима ќе го прикажат во сите 60 минути.

„Утре играме Супер куп против екипата на Вардар. Мислам дека сме во добра натпреварувачка форма, но сепак, утре нè очекуваат 60 минути борба. Мислам дека нема фаворити на теренот, а ќе победи оној кој повеќе ќе го посакува триумфот и кој ќе покаже повеќе во текот на натпреварот“- изјави Савревски.

ФОТО: ГРК Охрид

Супер Куп пресметката меѓу Вардар и Охрид започнува утре од 19:00 часот во „26 Април“ во Гевгелија. За арбитражата се задолжени Исмаил Металари и Ненад Николовски, а победникот ќе го освои првиот трофеј во новата сезона.

ФОТО: ГРК Охрид

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Колото се отвара во петок, дербито меѓу Струга и Шкендија се игра во сабота

Познати е распоредот на натпреварите за 13. коло на Првата македонска фудбалска лига, а кое коло се отвара во петок, а ќе се...

ИнтернационалциФудбал

(ФОТО) Брера Струмица подготвена за реваншот со Хофенхајм: Три гола негатива, но и голем мотив за ново европско докажување!

Македонскиот шампион Брера Струмица вечерва го одработи последниот официјален тренинг во Германија, во пресрет на утрешниот реванш натпревар против германски Хофенхајм, во рамките...

Поврзани написи
Ракомет

Ројевиќ не ги заборава успесите со Војводина: Поранешниот клуб му посвети посебна порака!

Репрезентативната пауза донесе и средба со минатото за тренерот на ГРК Охрид,...

Ракомет

Охриѓани со густ распоред во ноември: Пет натпревари, европски двомеч и големо дерби во Битола!

Ракометарите на ГРК Охрид ги очекува исклучително  напорен ноември, во кој ќе...

Ракомет

Вардар го сопре Пелистер, но следниот противник е само два бода зад него

Вардар со победата од 31:23 над Еурофарм Пелистер остана единствениот непоразен состав...

Ракомет

Преполн „Млаз“, голема борба и враќање од минус шест – Младост се доближи на два гола, но Тиквеш ги однесе бодовите!

Ракометарите на Младост 1977 не успеаја да ја остварат првата сезонска победа...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!