Втора лигаФудбал

Детонит Плачковица со репрезентативно засилување: Лука Бојаџиев доаѓа на позајмица од Брегалница

Сподели
Сподели



Второлигашот Детонит Плачковица дополнително се засили за продолжението од сезоната со младиот и перспективен Лука Бојаџиев, кој доаѓа на позајмица од штипскиот прволигаш Брегалница.

19-годишниот фудбалер од среден ред беше дел и од репрезентацијата на Македонија до 20 година на Медитеранските игри во Таранто, Италија. Покрај за матичната Брегалница беше дел и од Кит Го од Пехчево.

Минатата сезона Бојаџиев одигра фантастично за Брегалница и беше дел од генерацијата фудбалери кои го вратија клубот од градот под Исарот во елитата.

Веќе в сабота Детонит Плачковица на домашен терен ќе игра против Осогово, во натпревар од 4. коло на ВМФЛ, а тоа ќе биде можност и за деби на 19-годишниот младински репрезентативец од Штип.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

Голем хуман гест за голем јубилеј: Фудбалската школа „Еден на Еден“ од Могила слави 15 години со добротворна акција!

Фудбалската школа „Еден на Еден“ од Могила одлучи својот 15-годишен јубилеј да го одбележи на посебен начин – наместо со традиционална прослава, младите...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Каранфиловска и Коловска за важни три бода: Истатов го совлада Кочани, кој остана „закован“ на дното

Фудбалерките на Истатов го совладаа Кочани со 2:0 во последниот натпревар од 11. коло на Првата женска фудбалска лига. Ања Каранфиловска и Андреа...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Елмас влезе кога Аталанта веќе губеше со 0:3: Парма го реши мечот пред неговото влегување

Елиф Елмас доби шанса во последните триесетина минути, но Аталанта веќе беше...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!