Ракомет

За трофеј, престиж и нова битка: познати арбитрите за Вардар – Охрид!

Сподели
Сподели

Сезоната во македонскиот ракомет ќе биде отворена со пресметка за првиот трофеј, а веќе се познати и арбитрите кои ќе ја делат правдата во Супер Купот.

На дуелот меѓу актуелниот шампион Вардар и финалистот на Купот, Охрид, главниот збор ќе го имаат Исмаил Металари и Ненад Николовски, кои ја добија довербата од Ракометната федерација на Македонија.

Двата тима веќе двапати ги одмерија силите во подготовките за новата сезона. И на турнирот во Струга и на домашниот турнир во Охрид, триумфираше составот предводен од Борис Ројевиќ, па Супер Купот ќе биде нивната трета меѓусебна пресметка во претсезонскиот период.

Натпреварот е закажан за утре (02.09) од 19:00 часот, а домаќин ќе биде салата „26 Април“ во Гевгелија.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

КупФудбал

Денеска се дознава последниот патник во осминафиналето од Купот на Македонија!

Денеска ќе биде комплетиран списокот на осминафиналисти во Купот на Македонија. Последното место во следната фаза ќе го пополнат Вардар Неготино или Работнички,...

ФудбалФутсал

Клими пропушти три гола предност и ремизираше со СЕЕ Универисити, откако прими гол во финишот

Без победник заврши дуелот во Кавадарци каде Клими и повратникот СЕЕ Универисити ги поделија бодовите за комплетирање на 1. коло на Првата футсал...

Поврзани написи
Ракомет

Ексклузивно за Спортска Мрежа: Моралес пред реваншот со Вардар: „Мораме да се бориме за секоја топка!“

Екипата на Висла Плоцк ја очекува реваншот со Вардар во четвртото коло...

Ракомет

Еурофарм Пелистер немоќен во Германија: Гумерсбах го казни падот на битолчани

Ракометарите на Еурофарм Пелистер не успеаја да стигнат до позитивен резултат на...

Ракомет

Литвански арбитри ќе ја делат правдата на дуелот меѓу Висла и Вардар!

Вардар го очекува нов европски предизвик на гостински терен, а за регуларноста...

Ракомет

Алкалоид ја пречекува Струга пред европската пресметка со Келаг Ферлах

Пред европскиот предизвик и двомечот со австрискиот Келаг Ферлах во ЕХФ Европскиот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!