Второлигашот Кратово направи сензација откако вечерва во Градската сала во Кратово со 6:4 забележа триумф над прволигашот Железарец и со тоа патува во четвртфиналето од футсал Купот на Македонија.
Кратово вечерва одигра одличен натпревар, а дека сака триумф и следна фаза во Купот потврди уште во првиот дел кога имаше предност од 4:2.
Двоен стрелец кај победничката екипа беше Давид Стојановски, а по еден гол постигнаа Ѓорѓи Ивановски, Димитар Стојановски, Кевин Јакимов и Горан Арсовски. За екипата на Железарец двапати погоди Дарко Цветковски, а по еден гол постигнаа Филип Вучковски и Роберт Илиевски.
Голема радост кај навивачките во Кратово кој вечерва одново ја исполнија Градската сала во Кратово.