Прва лигаФудбал

ФФМ со објаснување зошто натпреварите во Прва МФЛ се играат во овие термини

Сподели
Сподели

ФФМ се огласи по реакциите околу термините за одигрување на натпреварите од Првата македонска фудбалска лига, посочувајќи дека распоредот е условен од програмската шема на носителот на телевизиските права, но и од инфраструктурните услови на стадионите.

Од ФФМ објаснуваат дека термините се утврдуваат во координација со носителот на ТВ-правата, кој заедно со Федерацијата ги определува натпреварите што ќе бидат директно телевизиски пренесувани. Притоа, значаен фактор се и условите на стадионите на кои се играат натпреварите.

Федерацијата посочува дека ваквата практика е присутна и во најсилните европски првенства, каде што натпревари се играат во раните попладневни часови за време на викендот, но и во петок или понеделник.

„Во услови на високи температури во летниот период, можностите за поместување на натпреварите се ограничени“, велат од ФФМ, додавајќи дека кога временските услови не дозволуваат натпревари пред 17:00 часот, клубовите кои немаат услови за вечерни средби мора да бидат распоредени во други термини.

Од Федерацијата нагласуваат дека дел од натпреварите може да бидат емитувани во директен пренос, а дел со одложено емитување, во зависност од програмската шема на носителот на ТВ-правата.

Посебно внимание ФФМ посветува на инфраструктурните услови, при што отворено порача дека одговорноста за нив не може постојано да се префрла кон Федерацијата.

Клубовите кои сакаат своите натпревари да ги играат во вечерни термини, според ФФМ, мора да обезбедат соодветни услови, пред сè рефлекторско осветлување и инфраструктура што ги исполнува потребните стандарди.

„Сите клубови во Прва МФЛ се акционерски друштва и како такви треба да бидат подготвени да инвестираат во сопствената инфраструктура и во стадионите на кои ги играат натпреварите“, стои во соопштението.

ФФМ додава дека континуирано инвестира во развојот на македонскиот фудбал, но не може да биде единствениот субјект кој ќе ги решава инфраструктурните проблеми на клубовите.

Во однос на 5. коло од Прва МФЛ, од Федерацијата информираат дека двете пресметки кои ќе се играат во викенд-терминот ќе бидат достапни во живо преку официјалната YouTube платформа на ФФМ.

Натпреварот Аресими – Скопје ќе се игра во сабота и ќе биде емитуван со одложен пренос на ТВ Арена од 23:00 часот, додека дуелот Башкими – Шкендија Арачиново е закажан за недела, со одложен телевизиски пренос од 22:45 часот.

Останатите три натпревари од 5. коло ќе бидат емитувани во директен пренос на ТВ Арена Спорт Македонија.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

КупФудбал

КУП: Величков ќе им суди на БВК Коњаре и Башкими, Ралевски на Детонит Плачковица и Шкендија Арачиново

Утре се играат седум натпревари од првата фаза на Купот на Македонија, откако минатата недела беа одиграни пет средби. Познати се и судиите...

Втора лигаФудбал

Пелистер го промовираше Мите Цикарски

Второлигашот Пелистер од Битола го промовираше Мите Цикарски како најново засилување, кое доаѓа од редовите на Беласица. Триесет и тригодишниот фудбалер ги покрива...

Поврзани написи
КупФудбал

КУП: Величков ќе им суди на БВК Коњаре и Башкими, Ралевски на Детонит Плачковица и Шкендија Арачиново

Утре се играат седум натпревари од првата фаза на Купот на Македонија,...

Втора лигаФудбал

Пелистер го промовираше Мите Цикарски

Второлигашот Пелистер од Битола го промовираше Мите Цикарски како најново засилување, кое...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Мила Талевска: Трите победи ни дадоа мотив и самодоверба, најважно е што сме сплотени

Новиот прволигаш Пелистер влезе во победничка серија со три победи во низа...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!