Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Берокал: Одиме ден по ден, натпревар по натпревар, таков е и нашиот менталитет!

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Селекторот на Македонија со свои размислувања на првиот собир во „Т Арената“ во Скопје пред дуелот со Австрија.

Македонската сениорска репрезентација го одржа првиот тренинг во „Т Арена“ во Скопје, со што и официјално започна краткиот подготвителен период пред гостувањето кај Австрија во рамките на втората рунда од претквалификациите за Евробаскетот 2029.

Селекторот Хозе Мариа Берокал во овој момент има речиси комплетен состав на располагање, а токму играчите на кои ќе смета за натпреварот во Виена беа меѓу главните теми во разговорот со предводникот на националниот тим.

Дали Македонија во Виена ќе го покаже своето најдобро издание во досегашниот тек од претквалификациите?

„Би се рекло дека е така, односно веројатно го имаме најдобриот ростер. Во овој момент имаме на располагање 14 кошаркари, практично речиси комплетен состав, со исклучок на Јакимовски.

Ова е краток, многу краток период за подготовки. Она што е добро за нас е што ги имаме играчите на кои сметавме. Секако, важен дел од сето ова е и тоа дека го респектираме противникот. Во секој тим има промени, но тоа е дел од кошарката.“ – вели селекторот.

Берокал верува во квалитетот на своите играчи, но истовремено нагласува дека предноста мора да биде потврдена на теренот.

„Ќе победиме со Австрија ако одиграме подобро од нив, ако играме добра кошарка. Мислам дека треба да одиграме паметно и да играме заедно, затоа што имаме квалитет. Убеден сум дека можеме да бидеме подобри, но тоа треба да го покажеме на теренот.

Во оваа кратка седмица, вклучително и неделата, заедно со помошта која треба да ја добиеме од Нено, Мекиќ, Рајт, но како и секогаш – сè зависи од нас. Респектот кон противникот мора да постои, но фокусот треба да биде на нас и на нашата игра.“ – додава Берокал.

Шпанскиот стратег потенцира дека промените во ростерите се составен дел од репрезентативната кошарка и дека Македонија мора да биде концентрирана на сопствената игра.

„Во овој момент сите играат кошарка. Добра кошарка. Некогаш недостасува некој играч. Се сеќавам дека со Луксембург имавме таков случај токму ние. Некогаш ќе загубите некој играч, но во исто време ќе се појави некој друг кој ќе даде свој придонес во успехот.

Не играат имињата, на теренот се игра пет на пет. Без жалење за оние кои не се во моментот дел од тимот. Фокусот треба да биде на нас и на нашата игра. Ќе дадеме сè од себе. Можеби некои работи не можеме да ги контролираме, но можеме да се контролираме себеси.

Без оглед дали станува збор за Литванија или за Австрија, мора да се натпреваруваме како тим, како национален тим. Тие се добар тим и, како што реков, ги респектираме. Но, треба да играме со голема самодоверба за да ги зголемиме нашите шанси за конечен успех.“ – изјави селекторот.

Македонија продолжува со тренинзите во Скопје, во „Т Арена“, во пресрет на гостувањето во Виена. Берокал има јасна порака – нема простор за дополнителни калкулации, туку само за максимален фокус.

„Одиме ден по ден, натпревар по натпревар. Таков е и нашиот менталитет.“

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останато

Штип УГД тргнува по нов трофеј: Суперкупот е првата станица кон одбрана на двојната круна

Нова сезона, нови предизвици и нова можност за трофеј за Штип УГД. Шампионот на Македонија утре во Тетово ќе го одигра Суперкупот, со...

ФудбалФутсал

Никола Анчевски се врати дома: Анче повторно во дресот на шампионот Проект

Шампионот Проект во еден ден претстави три нови засилувања, по промоциите на Андреј Коцевски и Кирил Неделков, тимот од Јосифово го претстави повратникот...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Муслиу: Мора да ставиме прст на глава, да видиме што правиме и како се однесуваме кон дресот

Во единаесет дена македонската фудбалска репрезентација игра четири меча, утре во Луцерн...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија У18 минимално поразена од Црна Гора во Охрид

Репрезентацијата на Македонија до 18 години со минимални 0:1 загуби од Црна...

Останати репрезентацииРепрезентација

(ФОТО) Историски успех за Изабела Зајков: Бронза на Светското првенство во самбо!

Голем успех за македонското самбо и македонскиот спорт! 15-годишната радовишанка Изабела Зајков...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!