Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Тројца Крушевчани на чело на македонската одбојка

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Крушево е еден од најпознатите одбојкарски центри во Македонија. Иако денес во градот нема активен одбојкарски клуб, традицијата продолжува да живее преку националните селекции, кои токму Крушево го избираат како идеална база за подготовки.

Традицијата машката А-селекција подготовките пред ЕвроВолеј да ги реализира во Крушево беше задржана и оваа година. Паралелно со сениорите, својата форма ја темпираа и младинските репрезентативци, па градот повторно беше исполнет со македонски одбојкарски талент.

Интересно е што токму тројца Крушевчани во моментов се на чело на националните селекции. Селектор на сениорската репрезентација е Јошко Миленкоски, негов прв асистент е Кристиан Ристески, додека У20 селекцијата ја предводи Јован Шапе.

Тројцата потекнуваат од славната крушевска одбојкарска школа, од редовите на „Нико Доаѓа“ и „Синалко“. Години подоцна, основите стекнати во родниот град ги пренесуваат на новите генерации и продолжуваат да ја одржуваат крушевската одбојкарска традиција.

Миленкоски, или „Профа“, како што многумина го нарекуваат, покрај универзитетската професорска функција, е и најтрофејниот македонски одбојкарски стратег. Тој е главниот ментор кој ги поставува насоките и ја координира работата меѓу искусните и младите, чие време допрва доаѓа.

Следната генерација не се „кова“ само на теренот, туку и на тренерската позиција. Покрај Ристески и Шапе, кои имаат задача да ја продолжат славната крушевска традиција поставена од Миленкоски, во овој тренерски „тим“ се и Атанас Милев и Васе Михаилов, членови на стручниот штаб на сениорската репрезентација.

„Крушево е центар на одбојката и на успесите“, често знае да каже Миленкоски.

А надежта е дека од тој центар, по квалитетните подготовки, ќе продолжат да се раѓаат нови успеси и приказни за македонската одбојка – и во сениорските, и во младинските национални тимови.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останато

Орион Старс го победи Штип УГД, македонскиот шампион освои два сета во „Џексон“

Македонскиот одбојкарски шампион Штип УГД загуби од холандскиот првак Орион Старс со 2:3 во сетови во реванш-натпреварот од ЦЕВ Лигата на шампионите. За...

Ракомет

Вардар со борбено реми против Мелсунген ја затвори европската приказна во Лигата на шампионите

Двократниот европски шампион Вардар 1961 со реми од 26-26 против германскиот Мелсунген го заврши настапот во Лигата на шампионите за оваа сезона. „Црвено-црните“...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Михаела Наумова од Галактикос со повик од ФФМ за тренинг-кампот за девојчиња до 13 години!

Младата фудбалерка Михаела Наумова од фудбалската академија Галактикос доби повик од Фудбалската...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

ФФМ со информација за билетите за натпреварот меѓу Шкотска и Македонија

Фудбалската федерација на Македонија ги информира сите навивачи, симпатизери и поддржувачи на...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Футсал репрезентацијата на Македонија до 19 години ремизираше против Црна Гора

Футсал репрезентацијата на Македонија до 19 години вечерва во Тиват го одигра...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!