Ракомет

Лебари Исток реагираат: Одговорност за лошите резултати на РК Радовиш, поголема поддршка за клубот!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Навивачката група Лебари Исток со соопштение за јавност и медиумите реагираше за лошите резултати на ракометниот клуб Радовиш, како што се вели во соопштението кое беше испратено до редакцијата на Спортска Мрежа, навивачката група Лебари Исток бара одговорност за лошите резултати, но и поголема поддршка од општината за клубот.

Во продолжение Спортска Мрежа го пренесува во целост соопштението на навивачката група Лебари Исток, кое беше испратено до нашата редакција.

  • ЦЕЛОСНО СООПШТЕНИЕ НА НАВИВАЧКАТА ГРУПА ЛЕБАРИ ИСТОК:

„Редно време е да изразиме незадоволство и револт како долгогодишни навивачи на ракометниот клуб Радовиш. РК Радовиш беше достоен противник 10 години во Суперлигата, а сега дојде ред цела полусезона да губиме од сите клубови по 10-15 разлика. Повеќе нa официјалната страна на РК Радовиш не се известува за срамните резултати. После долго време во салата се реновира и инвестира по сите светски стандарди, но не и во клубот кој се натпреварува во најелитното друштво во Република Македонија и е оставен на цедило без денар. Ние како Н.Г. Лебари Исток бараме голема одговорност за постигнатите резултати досега за никогаш да не се повторат. Време е општината како главен спонзор да почне повеќе да се залага за ракометниот клуб, или тоа ако не го може да оставе прилика некој кој е финансиски поспремен да ги превземе работите во клубот. Одговорност мора да има“, се вели во соопштението на навивачката група Лебари Исток.

 

РК Радовиш по една сезона се врати во ракометната елита на Македонија, но во есенскиот дел на 16 одиграни натпреври има учинок од едно реми и 15 порази и со тоа се наоѓа на дното од табелата, како единствен тим кој нема триумф и само еден бод на своето конто.

Сподели

Не пропуштајте

Турнири

ВИДЕО: Пролетер со лото победа, Клик Гевгелија со десет гола ја „разнесе“ Десива Транспорт

Вечерва започна овогодинешното издание на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ со два мечеви кај јуниорите и два мечеви во сениорска конкуренција. Турнирот...

Кошарка

Струмица ФМП убедлива против Ролинг во градското кошаркарско дерби!

Убедлива победа за кошаркарите на Струмица ФМП во градското дерби со Ролинг од 97:55, во рамки на 8. коло од Првата кошаркарска лига...

Поврзани написи
Ракомет

Мулти Есенс со убедлива победа над Драчево Јуниор

Екипата на Мулти Есенс стигна до 11-тата сезонска победа во Првата ракометна...

Ракомет

Алкалоид пресилен за Радовиш, Бутел се враќа во трка за плејоф, Прилеп со трет триумф

Ново суперлигашко коло донесе убедливи победи, драматични финиши и големи индивидуални партии....

Ракомет

Македонија ЃП го покоси Вардар среде Неготино и го оддалечи од Суперлигата!

Македонија ЃП приреди вистинско изненадување и среде Неготино го совлада фаворизираниот Вардар...

Ракомет

(ВИДЕО) ИСТОРИЈАТА Е ИСПИШАНА: Младост од Богданци е есенски шампион без пораз!

Ракометниот клуб Младост од Богданци испиша нова златна страница во својата богата...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!