МагазинСМ Поткаст

ВИДЕО: Баражите за влез во Втора лига треба да се укинат, а третолигашките региони да се намалат!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Во новото издание од Спортска Мрежа Podcast разговараме за укинување на баражите за влез од Трета во Втора лига, разговараме и за намалување на третолигашките региони од пет на три или два регион со цел поголем квалитет.

Шампионите во Трета лига немаат директен влез во Втора лига, мораат да играат баражи, а директен влез нема ниту во некои региони од Општинската фудбалска лига, односно шампионите и во ОФЛ или Четврта лига по ранг на натпреварување мораат да играат бараж, па се отвара прашањето и на рамноправноста, во оние региони каде што се игра бараж како шампион и во оние региони каде што дирекно се влегува.

Разговаравме со фудбалските тренери Крсте Крстев, Даниел Гоцевски и Емил Грнев, а свое видување имаше и фудбалерот на Слога Виница, Октај Амедов.

Дали конечно баражите ќе станат минато и дали ќе има намалување на регионите во Трета лига за подобар квалитет.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Селекторката Катерина Милеска го објави списокот на фудбалерки за квалификацискиот турнир во Грузија

Женската фудбалска репрезентација на Македонија до 17 години ќе учествува во квалификациите за Европското првенство. Македонската селекција ќе настапи во четвртата група од...

Останато

(ФОТО) Министерот Борко Ристовски го пречека светскиот карате шампион Марко Џорлев

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска во Министерството за спорт го пречека младиот каратист Марко Џорлев и лично му го честиташе историскиот успех...

Поврзани написи
МагазинФудбалФутсал

ВИДЕО: „Судиско продолжение“ – нова емисија на Спортска Мрежа посветена на македонскиот фудбал

Спортска Мрежа започнува со нова спортска емисија – „Судиско продолжение“, која ќе...

ИнтервјуМагазинРакомет

Ориол Реј Моралес: „Охрид секогаш ќе биде во моето срце!“

Шпанскиот дефанзивец- Ориол Реј Моралес ја заврши својата успешна епизода во ГРК...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!