Трета лигаФудбал

(ФОТО) Росоман има терен за пример: Зелен „тепих“ и одлични услови за фудбал

Сподели
Сподели



Фудбалскиот терен во Росоман денес е во одлична, речиси идеална состојба, што е вистинска слика за тоа колку редовното одржување може да направи разлика. Зелената трева, уредниот терен и посветеноста во неговото одржување овозможуваат одлични услови за тренинзи и одигрување натпревари.

Теренот редовно се коси, наводнува и валира, а токму континуираната грижа придонесува тревната подлога да биде рамномерна и квалитетна. Денес фудбалерите во Росоман имаат услови какви што доликуваат на едно место со богата фудбалска традиција.

На овој терен своите натпревари ги игра ФК Росоман, кој во моментов се натпреварува во Третата лига – Регион 4. Росоман во минатото имаше можност да се натпреварува и во Втората лига – Исток, па добрата инфраструктура е особено важна за клубот и младите фудбалери од општината.

Она што денес е убав фудбалски амбиент не секогаш било така. Во минатото теренот во Росоман беше во значително послаба состојба, но со текот на времето и со вложувањето во неговото уредување, сликата целосно се промени.

ФОТО: Фудбалскиот терен во Росоман во очајна состојба – пример како не треба да изгледа еден терен!

Заложбите на локалната самоуправа за подобрување на условите вродија со плод, па Росоман денес може да се пофали со фудбалски терен кој изгледа уредно, се одржува редовно и претставува вистинска спортска вредност за целата општина.

Ваквите примери покажуваат дека со континуирана грижа, одржување и вложување може да се создадат услови во кои фудбалерите ќе имаат можност да тренираат и да играат на квалитетна подлога.



Сподели

Не пропуштајте

Останато

Артуро Ди Џакомо: Модерната одбојка бара модерно судење! Судиите ќе се развиваат во менаџери на натпреварот

Претставниците на македонската одбојкарска заедница кои во саботата присуствуваа на Редовниот годишен семинар за судии и делегати, одржан во хотелот „Холидеј Ин“ во...

Останато

Кенијците доминираа, Дарио Ивановски трет на Скопскиот маратон

Кенискиот атлетичар Дерик Чеге Њороге е победник на 22. издание на Скопскиот маратон, кој вчера се одржа на улиците во главниот град пред...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

ФОТО: Готен пред верната публика во Подареш го декласираше Илинден од Добрејци со ШЕСТ гола

Четвртолигашот Готен од радовишкото село Подареш продолжува со подготовките за враќањето на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!