Прва женска фудбалска лигаФудбал

Магдалена Лекоска се враќа во Љуботен: Поранешната репрезентативка ќе биде тренер на голманите

Сподели
Сподели

ЖФК Љуботен продолжува со засилување на стручниот штаб пред новата сезона, а ново име во тимот е Магдалена Лекоска, која ја презема функцијата тренер на голманите.

За Лекоска ова претставува враќање во клубот во кој остави значајна трага како голман и капитен, но овојпат во нова улога.

Нејзиното богато играчко искуство, репрезентативниот стаж и тренерските квалификации се очекува да бидат голем плус за голманките на Љуботен.

Лекоска зад себе има успешна играчка кариера, во која го бранеше и голот на сениорската репрезентација на Македонија, а настапуваше и за сите младински селекции, вклучително У-17 и У-19.

Кариерата ја започна во Топ Гол од Битола, а подоцна беше дел од Скопје, Истатов, Љуботен и Каменица Саса. Во текот на кариерата ги освои шампионските и Куп-трофеите во македонскиот женски фудбал, а како репрезентативка мина низ сите возрасни категории.

На 25-годишна возраст Лекоска мораше предвреме да стави крај на професионалната кариера поради повреда на коленото, кое претходно двапати било оперирано. Иако не планирала толку рано да ги обеси копачките, повредата ја насочи кон нов предизвик – тренерската работа.

Минатата сезона Лекоска беше дел од стручниот штаб на ЖФК Истатов, каде работеше како тренер на голманите покрај искусниот стратег и селектор Кирил Изов. Сега следува нов предизвик и враќање во Љуботен, овојпат како дел од стручниот штаб.

Нејзиниот тренерски развој е потврден со сериозни квалификации. Лекоска е носител на UEFA A лиценца, UEFA B лиценца, како и UEFA B Goalkeeper лиценца, а има и искуство во тренерската работа и едукацијата на тренери.

Токму комбинацијата од играчкото и репрезентативното искуство, но и стекнатото тренерско знаење, треба да ѝ помогне во работата со голманките на Љуботен.

Од клубот велат дека со ангажманот на Лекоска продолжуваат да ги подигнуваат стандардите и да создаваат силен, модерен и професионален стручен штаб.

Љуботен не гради само тим за денес, туку систем и иднина, а ангажманот на поранешната репрезентативна голманка е уште еден чекор во таа насока.

За голманките на сино-белите, пак, започнува ново поглавје – со тренерка која од сопствено искуство знае што значат одговорноста, притисокот и гордоста да се биде последната линија на одбраната.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Штип УГД тргнува по нов трофеј: Суперкупот е првата станица кон одбрана на двојната круна

Нова сезона, нови предизвици и нова можност за трофеј за Штип УГД. Шампионот на Македонија утре во Тетово ќе го одигра Суперкупот, со...

ФудбалФутсал

Никола Анчевски се врати дома: Анче повторно во дресот на шампионот Проект

Шампионот Проект во еден ден претстави три нови засилувања, по промоциите на Андреј Коцевски и Кирил Неделков, тимот од Јосифово го претстави повратникот...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Никола Анчевски се врати дома: Анче повторно во дресот на шампионот Проект

Шампионот Проект во еден ден претстави три нови засилувања, по промоциите на...

ФудбалФутсал

Кирил Неделков е ново засилување на шампионот Проект

Македонскиот шампион Проект промовираше уште едно засилување, Кирил Неделков промовиран во тимот...

КупФудбал

КУП: Третолигашот Крошу Спорт против фаворитот Тиквеш во Неготино

Утре на Градскиот стадион во Неготино ќе се одигра уште еден меч...

ФудбалФутсал

Шампионот Проект се засили со младиот Андреј Коцевски

Македонскиот футсал шампион го претстави првото засилување за новата сезона, Андреј Коцевски...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!