Втора женска фудбалска лигаФудбал

Историски момент за Куманово: Башкими 2024 дебитира во сениорскиот женски фудбал!

Сподели
Сподели

Женскиот фудбал во Куманово испишува нова страница. ЖФК Башкими 2024 од оваа сезона 2026/2027 ќе биде дел од Втората женска фудбалска лига, со што клубот за првпат ќе се натпреварува во сениорска конкуренција.

За Куманово, како најголем град во Македонија, ова е историски момент, бидејќи за првпат во историјата градот ќе има свој женски фудбалски клуб во сениорска конкуренција.

Башкими 2024 зад себе има неколку сезони во кои се натпреваруваше во кадетска и младинска конкуренција, а сега клубот прави голем чекор напред со формирањето на сениорски состав.

Од клубот овој момент го опишуваат како историски, особено за женскиот спорт во Куманово, истакнувајќи дека нивниот настап во сениорската конкуренција ќе биде запишан во историјата на градот.

Сепак, во Башкими 2024 се свесни дека првиот чекор во сениорскиот фудбал нема да биде лесен. Токму затоа од клубот упатуваат апел до кумановските бизнисмени, компании и сите оние кои сакаат да го поддржат развојот на женскиот фудбал да се приклучат како донатори или спонзори.



Од клубот посочуваат дека потребните средства за една сезона во женскиот фудбал не се големи, но поддршката во овој момент е особено важна за да може Башкими 2024 успешно да ги направи првите чекори во сениорската конкуренција.

„Бидете дел од историјата“ е пораката од кумановскиот клуб до потенцијалните поддржувачи, со желба првата сениорска сезона да биде почеток на една долгорочна приказна.

  • Втората лига со повеќе екипи и четири дебитанти

Влезот на Башкими 2024 доаѓа во сезона во која Втората женска фудбалска лига за првпат ќе има поголем број на екипи, што е позитивен сигнал за развојот и проширувањето на женскиот фудбал.

Покрај кумановскиот Башкими 2024, дебитанти во второлигашката конкуренција ќе бидат и Менада од Тетово, Ржаничино од Скопје и Топ Гирлс од Охрид.



Во лигата се враќа и Победа од Валандово, додека од минатата сезона во ова натпреварување остануваат Плачковица од Радовиш, поранешниот шампион Билјанини Извори од Охрид, Борец од Велес, Слободен од Скопје и Топ Гол од Битола, кој минатата сезона испадна од Првата женска фудбалска лига.

Со новите средини и поголемиот број клубови, Втората лига добива дополнителна конкуренција, но и нова можност за развој на женскиот фудбал во повеќе градови.

А за Куманово, септември ќе биде посебен – Башкими 2024 за првпат ќе излезе на сениорската сцена и ќе го претставува градот во женскиот фудбал.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

ФОТО: Хориха со три гола дебитираше за Македонија, а потоа следуваше вистинска навивачка опсада – меѓу нив и верниот Давор од Кочани!

Македонската ракометна репрезентација доби ново име во своите редови, а Дмитро Хориха уште на дебитантскиот настап успеа да ги освои симпатиите на македонските...

Младински фудбалФудбал

Скопје го пречекува Пелистер со шанса да го стигне на врвот во Пионерската суперлига

Три бода ги делат Пелистер и Скопје пред директната пресметка во 11. коло од Пионерската суперлига. Дуелот се игра в четврток, 5 ноември,...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Тежок пораз за Брера Струмица во Германија, Хофенхајм со девет гола го заврши европскиот сон на струмичките младинци!

Македонскиот младински шампион Брера Струмица го заврши својот настап во младинската Лига...

КупФудбал

ФФМ донесе одлука: Тиквеш исфрлен од Купот, Вардар службено оди во четвртфинале!

Комисијата за натпревари на ФФМ на денешниот состанок, покрај другото, ја разгледа...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!