Трета лигаФудбал

Четири засилување за екс прволигашот од Делчево: Брегалница со први летни засилувања

Сподели
Сподели

Третолигашот Брегалница од Делчево ги промовираше првите четири летни засилувања за новата сезона. Поранешниот прволигаш се засили на голманската позиција со Мартин Димитров, на бековската позиција доаѓа Давид Тренчев, а пак во средината од теренот тимот е засилен со Дејвид Иванов и Славче Митовски.

Димитров е 25-годишен голман кој претходно беше дел од Осогово и Слога Виница. Тренчев, пак има 20-години се работи за млад фудбалер кој во минатото настапуваше за Светлост од Зрновци и Осогово од каде и ја започна кариерата.

Иванов има 19 години, а доаѓа од Карбинци, беше дел и од Светлост Зрновци и Осогово. 23-годишниот Митовски во Делчево доаѓа од ланскиот третолигашот Светлост од Зрновци, а беше дел и од Осогово и Беласица.

Тимот од Делчево продолжува со екипирањето на тимот за новата сезона во Трета лига регион 3.

Сподели

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Таневски повика 24 фудбалери за контролниот дуел со Србија

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година на 12 ноември ќе одигра контролен натпревар против селекцијата на Србија во Нови Сад. За...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

ФОТО: Хориха со три гола дебитираше за Македонија, а потоа следуваше вистинска навивачка опсада – меѓу нив и верниот Давор од Кочани!

Македонската ракометна репрезентација доби ново име во своите редови, а Дмитро Хориха уште на дебитантскиот настап успеа да ги освои симпатиите на македонските...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

Скопје го пречекува Пелистер со шанса да го стигне на врвот во Пионерската суперлига

Три бода ги делат Пелистер и Скопје пред директната пресметка во 11....

ИнтернационалциФудбал

Тежок пораз за Брера Струмица во Германија, Хофенхајм со девет гола го заврши европскиот сон на струмичките младинци!

Македонскиот младински шампион Брера Струмица го заврши својот настап во младинската Лига...

КупФудбал

ФФМ донесе одлука: Тиквеш исфрлен од Купот, Вардар службено оди во четвртфинале!

Комисијата за натпревари на ФФМ на денешниот состанок, покрај другото, ја разгледа...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!