Прва лигаФудбал

Тиквеш со петарда до триумф над Башкими за совршен старт во ПМФЛ

Сподели
Сподели

ГФК Тиквеш продолжува со максимален ефект на стартот од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига. Кавадарчани на гостувањето во Куманово го совладаа Башкими со убедливи 0-5 и по две одиграни кола имаат шест бода на своето конто.

Домаќинот успеваше да го одржи резултатот во почетната фаза, иако Тиквеш имаше иницијатива и контрола врз играта. Отпорот на Башкими беше скршен во 36. минута, кога Лусианињо асистираше, а Висдом ја затресе мрежата за 0-1.

Само шест минути подоцна кавадарчани повторно реализираа. Лавал се запиша во листата на стрелци за 0-2, со што Тиквеш на паузата замина со комотна предност.

Во вториот дел гостите продолжија да го контролираат натпреварот, а нов погодок пристигна во 72. минута. Лавал повторно беше прецизен и со својот втор гол на средбата го зголеми водството на 0-3.

Башкими во финишот не успеа да се спротивстави на налетите на Тиквеш. По поништен гол на Ренатињо, Попзлатанов во 81. минута погоди за 0-4, додека конечните 0-5 ги постави Ацковски во 88. минута со одличен удар од далечина.

Со две победи од исто толку натпревари и гол-разлика 7-0, Тиквеш испраќа сериозна порака уште на почетокот од првенството и го потврдува лидерското место на табелата.

Сподели

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Фатмир Бафто ќе го суди дербито меѓу Влазерими и Караорман, Владимир Ѓорѓиевски главен на средбата меѓу Крошу Спорт и Могила

Викендот се играат мечевите од 9. коло на Трета лига регион 5, а кое коло се отвара утре со мечот меѓу Напредок и...

Кошарка

(ВИДЕО) 30 години од историската победа на МЗТ Скопје над Реал Мадрид – вечерта кога „Лименката“ го сруши шпанскиот гигант!

На денешен ден, 6 ноември, пред точно 30 години, македонската кошарка испиша една од своите најславни страници. МЗТ Скопје Аеродром во незаборавна атмосфера...

Поврзани написи
✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!