Прва лигаФудбал

Брегалница фуриозно до првата победа: Арсими падна со 4-0 во Штип

Сподели
ФОТО: ФК Брегалница
Сподели

Брегалница Штип стигна до првиот триумф по враќањето во Првата македонска фудбалска лига, откако на домашен терен убедливо го совлада Арсими со 4-0 во второто коло.

Штипјани од самиот почеток го презедоа контролирањето на натпреварот и брзо го најавија посакуваниот исход. Мартин Стојанов во 10. минута ја затресе мрежата по одличната акција и асистенцијата на Методи Максимов за 1-0.

Брегалница продолжи да притиска, а вториот погодок пристигна во 28. минута. Максимов се најде на вистинското место и со прецизна завршница ја удвои предноста на домашниот состав. Арсими се обиде да возврати, но без конкретна реализација, па на паузата остана 2-0.

Гостите се обидоа со поофанзивен пристап во продолжението, но наместо да го намалат заостатокот, повторно капитулираа. Во **50. минута Стојанов ја искористи брзината, побегна од гостинската одбрана и го постигна својот втор гол за убедливи 3-0.

Брегалница во продолжението искусно го контролираше натпреварот и не му дозволи на Арсими да се врати во игра. И покрај промените во составот на гостите, штипскиот тим остана цврст во дефанзивата, а во финишот стави точка на одличното издание.

Даријан Тасев во 86. минута погоди за конечни 4-0, по асистенција од Лука Георгиев.

Со оваа победа, Брегалница ги запиша првите три бода во новата сезона и покажа дека по враќањето во елитата ќе има сериозни амбиции.

Сподели

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Фатмир Бафто ќе го суди дербито меѓу Влазерими и Караорман, Владимир Ѓорѓиевски главен на средбата меѓу Крошу Спорт и Могила

Викендот се играат мечевите од 8. коло на Трета лига регион 5, а кое коло се отвара утре со мечот меѓу Напредок и...

Кошарка

(ВИДЕО) 30 години од историската победа на МЗТ Скопје над Реал Мадрид – вечерта кога „Лименката“ го сруши шпанскиот гигант!

На денешен ден, 6 ноември, пред точно 30 години, македонската кошарка испиша една од своите најславни страници. МЗТ Скопје Аеродром во незаборавна атмосфера...

Поврзани написи
✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!