ИнтернационалциФудбал

Радовишанецот Диме Димов го напушта Локомотив Софија и ќе ја продолжи кариерата во нов клуб!

Сподели
Сподели

Македонскиот фудбалер Диме Димов ќе го напушти Локомотив Софија, бугарскиот прволигаш, и ќе ја продолжи кариерата во нов клуб. Димов, кој се истакна како еден од најдобрите играчи на тимот, одигра сезона и пол во Бугарија. Иако имаше договор до јуни 2025 година, 30-годишниот фудбалер одлучи да ја менува средината.

Во текот на својата кариера, Димов настапуваше за неколку македонски клубови, вклучувајќи ги Металург, Кожуф, Гостивар, Хоризонт Турново и Академија Пандев (денес Брера Струмица), каде беше и капитен на тимот.

Во Локомотив Софија, Димов одигра 56 натпревари и беше еден од клучните играчи. Неколку пати се најде во идеалниот тим на колото во Бугарија, а исто така неколку пати беше и играч на натпреварот. Во оваа сезона, има одиграно 19 натпревари во првенството поминувајќи 1.710 минути на теренот и еден во Купот на Бугарија со одиграни 90 минути.

Димов веќе привлекува интерес од неколку странски клубови, а се очекува наскоро да се дознае каде ќе ја продолжи својата фудбалска кариера. Во својата кариера, тој го има освоено Купот на Македонија со Брера Струмица (поранешна Академија Пандев) во сезоната 2018/2019.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

ВИДЕО: Пролетер со лото победа, Клик Гевгелија со десет гола ја „разнесе“ Десива Транспорт

Вечерва започна овогодинешното издание на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ со два мечеви кај јуниорите и два мечеви во сениорска конкуренција. Турнирот...

Кошарка

Струмица ФМП убедлива против Ролинг во градското кошаркарско дерби!

Убедлива победа за кошаркарите на Струмица ФМП во градското дерби со Ролинг од 97:55, во рамки на 8. коло од Првата кошаркарска лига...

Поврзани написи
Фудбал

Висок пораз на битолски Конзули во Кочани – четири гола за Христијан Крстов

Синоќа беше отворено 7. коло во Втората футсал лига со убедливата победа...

ФудбалФутсал

Форца броеше до десет, Проект и Кеги Моби до високи победи!

Фаворитите одиграа според планот – шампионот Форца броеше до десет против Јувентус...

Младински фудбалФудбал

ВИДЕО: Стефан Ристов најдобар играч, Детонит Плачковица блесна на „Football Winter Mini Cup 2025“ во Богданци

Младите таленти на радовишки Детонит Плачковица од генерациите 2014 и 2015 имаа...

Втора лигаФудбал

Митревски: Во Осогово ништо не е случајно!

Есенската полусезона во Втората лига донесе многу причини за радост во Кочани,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!