Останато

Сушево и Весна Пробиштип одиграа драматичен меч, фаворитите Струмица, Борец и Штип според планот!

Сподели
ФОТО: Одбојкарска федерација на Македонија
Сподели

Нови победи за фаворитите и во 13. коло од Првата одбојкарска лига во машка конкуренција.

Шампионот Струмица со 1:3 во сетови (21:25) (22:25) (25:23) (19:25) забележа победа над Работнички на гостински терен и со тоа струмичани ја продолжуваат доминацијата.

Со резултат од 1:3 во сетови (15:25) (18:25) (25:23) (16:25) победа забележа и фаворитот Борец на гостувањето кај Македонија Џио.

Лириа лесно се справи со Јанта Волеј со 3:0 во сетови, во меч каде домашниот тим беше голем фаворит (25:18) (25:16) (25:15).

Сушево и Весна Пробиштип одиграа многу драматичен и неизвесен натпревар во Василево, откако домашниот тим беше подобар со 3:2 во сетови (24:26) (18:25) (25:22) (25:13) (17:15).

Лесна и сигурена победа за одбојкарите на Штип откако освојувачот на Купот со 0:3 славеше Шкендија во Тетово (15:25) (10:25) (9:25).

Универзитет Тетово без проблеми го доби тимот на Вардар со 3:0 во сетови на домашен терен (25:8) (25:18) (25:13).

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ПРВАТА ОДБОЈКАРСКА ЛИГА:
Позиција Клуб Вкупно Поб. Пор. Бодови Доб. Изг.
1 Струмица 47&72 12 12 0 36 36 2
2 Штип УГД 12 11 1 33 34 3
3 ГОК Борец 12 10 2 29 30 11
4 Шкендија 12 9 3 25 28 13
5 Универзитет во Тетово 12 8 4 24 25 13
6 Работнички 71&22 12 7 5 23 26 14
7 Лирија 12 5 7 16 17 23
8 Вардар 1947 12 6 6 15 18 24
9 Скопје 12 3 9 9 12 31
10 Македонија Џио 12 3 9 9 13 29
11 Сушево 12 2 10 8 14 32
12 Весна Пробиштип 12 2 10 7 10 33
13 Јанта волеј 12 0 12 0 2 36
Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Младост утре гостува во „Билјанини Извори“ кај Охрид

Ракометарите на Младост утре гостуваат кај фаворитот Охрид во рамките на 10. коло на Суперлигата, меч кој се игра во салата „Билјанини Извори“...

Кошарка

Ираклис пресилен за МЗТ Скопје – македонскиот шампион го запиша шестиот пораз во ФИБА Еврокупот!

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром продолжува без победа во ФИБА Еврокупот, откако на гостувањето во Солун претрпе убедлив пораз од грчки Ираклис...

Поврзани написи
Останато

Безбедноста пред сè: ФПСМ со едукативни предавања за планинарење во зимски услови низ Македонија

Федерацијата на планинарски спортови на Македонија (ФПСМ), преку својот Центар за стручно...

Останато

Одржано Националното првенство во крос-кантри 2026 во Скопје

Изминатиот викенд, на кејот на реката Вардар во Скопје, се одржа Националното...

Останато

Македонија домаќин на два квалификациски турнири за ЕП 2027 во одбојка

Одбојкарската федерација на Македонија ќе биде домаќин на два квалификациски турнири за...

Останато

Наковски Волеј со кам-бек го задржа статусот на непоразен тим во Првата лига жени

Екипата на Наковски Волеј останува единствената непоразена по четири кола во новата...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!