ИнтернационалциФудбал

Шабан Сулејман пред интернационален предизвик: Интерес од Саудиска Арабија, Кувајт и Дубаи!

Сподели
ФОТО: Илхан Османи
Сподели



Македонскиот фудбалски тренер Шабан Сулејман е пред важна одлука за продолжението на својата тренерска кариера, откако за 38-годишниот стратег постои сериозен интерес од клубови од Саудиска Арабија, Кувајт и Дубаи.

Сулејман зад себе има богато тренерско искуство, иако се работи за млад стратег. Тренерската кариера ја започна како помошник во Беса од Добри Дол, по што работеше како прв тренер на младинските категории на Работнички. Беше дел и од стручниот штаб на првиот тим на „романтичарите“ минатата сезона кога тимот за влакно не успеа да избори опстанок по успешната пролетна полусезона, а на што се должеа слаби резултати од есенскиот дел од претходните стручни штабови на тимот од Дебар Маало, а работеше и како помошник во Гостивар.

Посебно значаен период во неговата кариера беше работењето во Шкендија Арачиново во периодот кога клубот направи голем успех и испиша историја со пласман од Трета во Втора лига, а потоа и од Втора во Прва лига во само две сезони.

Сулејман има и интернационално искуство. Беше дел од стручниот штаб на косовска Лирија, каде имаше успешна сезона која заврши со пласман во елитната конкуренција. Токму поради тоа, евентуалниот ангажман во странство нема да биде негов прв интернационален предизвик.



Последниот ангажман на 38-годишниот Сулејман беше во стручниот штаб на Работнички, каде соработуваше со Муарем Муарем. Во пролетниот дел од сезоната тимот од Дебар Маало одигра одлично и освои максимален број бодови, но слабата есенска полусезона беше пресудна и Работнички не успеа да обезбеди опстанок во Првата лига.

Според информациите до кои дојде Спортска Мрежа, за Сулејман во моментов постои интерес од три странски дестинации – Саудиска Арабија, Кувајт и Дубаи, но неговото име е интересно и за клубови во Македонија. Постои можност за ангажман во македонски прволигаш, но и во еден тим од Втората лига.

Пред младиот стратег сега е период на избор. Сулејман ќе треба да одлучи дали следниот чекор во кариерата ќе биде нов домашен предизвик или продолжување на интернационалната приказна.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Гаје: Мора да ги искористиме шансите и да ја сочуваме мрежата

Шкендија на домашен терен го пречекува големиот ривал Вардар во дерби-пресметка во која тетовци ќе атакуваат на нови три бода. Шкендија посакува да...

Прва лигаФудбал

Шкендија – Вардар: големо дерби во Гостивар, битка за бодови и престиж

Македонскиот фудбал денеска носи едно од најинтересните соочувања во домашното првенство. Шкендија и Вардар ќе ги одмерат силите во дербито од Првата македонска...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Гаје: Мора да ги искористиме шансите и да ја сочуваме мрежата

Шкендија на домашен терен го пречекува големиот ривал Вардар во дерби-пресметка во...

Прва лигаФудбал

Шкендија – Вардар: големо дерби во Гостивар, битка за бодови и престиж

Македонскиот фудбал денеска носи едно од најинтересните соочувања во домашното првенство. Шкендија...

Прва лигаФудбал

Шабани: Го респектираме противникот, но нашата цел се нови три бода

Струга Трим Лум им се врати на победите во минатото коло, а...

Прва лигаФудбал

Ангелов: Време е да ставиме крај на негативната серија, време е за победи

Фудбалерите на ФК Скопје се во лоша резултатска низа, но не потклекнуваат...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!