Турнири

Вергови го освои третото место на „Ораовица 2026“ вредно 50.000 – триумф над Тобако Јаков & Такси Бате ЗЦ

Сподели
Сподели

Екипата на Вергови го освои третото место на турнирот во мал фудбал „Ораовица 2026“, откако во натпреварот за бронзениот медал славеше со убедливи 6-3 против Тобако Јаков & Такси Бате ЗЦ.

Дуелот понуди интересен и динамичен фудбал. Вергови рано поведе со 2-0, противникот успеа да намали на 2-1, но потоа победничкиот состав целосно ја презеде контролата на теренот, наметна свое темпо и со ефикасна игра стигна до убедлива победа од 6-3.

Со овој триумф, Вергови го освои третото место и парична награда од 50.000 денари, додека Тобако Јаков & Такси Бате ЗЦ го заврши турнирот на четвртата позиција, за што беше награден со 25.000 денари.

По натпреварот за третото место, следува големото финале на турнирот „Ораовица 2026“, во кое силите ќе ги одмерат Фреигхт Оне и Вила Клепало во борбата за шампионскиот трофеј.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбал

Елмас стартер во првата гостинска победа на Аталанта пред дуелот со Шкотска

Елиф Елмас се врати во почетниот состав на Аталанта во Серија А, а тимот од Бергамо ја запиша првата гостинска победа во првенството...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Петровски: Мојата прва цел е да создадеме позитивна атмосфера и тим во кој секоја кошаркарка ќе знае дека има своја улога и одговорност

Виктор Петровски е новиот селектор на женската сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија, откако ја доби довербата од раководството на Кошаркарската федерација. Новиот предводник...

Поврзани написи
Турнири

Екипи од четири држави доаѓаат на Ohrid Winter Cup 2026, пријавувањето продолжува интересот ОГРОМЕН, услови одлични!

Голем број екипи од Македонија веќе пријавија учество на меѓународниот детски фудбалски...

Турнири

(ФОТО) Power Team го освои првиот Меморијален турнир „Горан Трајчев“ во Кратово

Екипата на Power Team е победник на првиот Меморијален турнир во мал...

Турнири

Охрид подготвен за нова фудбалска приказна: Од 5 до 8 декември ќе се одржи Ohrid Winter Cup 2026

Охрид во зимски амбиент ќе биде домаќин на меѓународниот младински фудбалски турнир...

Турнири

Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“ со награден фонд од 250.000 денари – Брвеница подготвува голем фудбалски спектакл

Брвеница и оваа година ќе биде домаќин на Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!