Турнири

Фреигхт Оне со сигурен триумф над Вергови за финале со Вила Клепало на „Ораовица 2026“

Сподели
Сподели

Во второто полуфинале на турнирот во мал фудбал „Ораовица 2026“, екипата на Фреигхт Оне прикажа одлична игра и со убедливи 3-0 ја совлада екипата на Вергови, обезбедувајќи пласман во големото финале.

Иако конечниот резултат е убедлив, натпреварот понуди динамична и неизвесна игра, особено во првото полувреме.

Резултатот беше отворен со атрактивниот погодок на Владимир Дујовски, кој донесе водство од 1-0 за Фреигхт Оне пред паузата.

Во второто полувреме, Фреигхт Оне ја потврди доминацијата. Најпрво Горан Стојанов ја зголеми предноста, а потоа Горан Коцевски ги постави конечните 3-0, со што го завери пласманот на својата екипа во финалето.

Така, љубителите на малиот фудбал ги очекува вистинско дерби во големото финале, каде Фреигхт Оне ќе ги одмери силите со Вила Клепало, која претходно со минимални 1-0 го елиминираше составот на Тобако Јако & Такси Бате ЗЦ. Финалниот натпревар е закажан за утре (вторник) во радовишкото село Ораовица.

Финале утре стартува во 22:30 часот, а мечот за трето место е во 21:00 часот.

Спортска Мрежа е медиумски покровител на овој турнир кој година има свое 10. издание.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Славиќ пред Прилеп: Фокусот мора да биде на нас, Охрид по нова победа!

По гостинската победа над Бутел Скопје, ГРК Охрид продолжува со обврските во Супер лигата, а следен предизвик за охриѓани е домашниот дуел со...

Прва лигаФудбал

Иљази: Ја знаеме силата на Струга, но веруваме во нашата работа и влегуваме максимално подготвени

Арсими денеска гостува во Струга, каде што ќе се соочи со поранешниот шампион Струга Трим Лум во натпреварот од 8. коло во Првата...

Поврзани написи
Турнири

Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“ со награден фонд од 250.000 денари – Брвеница подготвува голем фудбалски спектакл

Брвеница и оваа година ќе биде домаќин на Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“,...

Турнири

Започна првиот меморијален турнир „Васил Рингов“ во чест на легендата на Вардар

На терените на Фудбалската федерација на Македонија денес и утре, за првпат...

Турнири

„Зоран Недев – Фелер Куп 2026“: Неготино десетти пат собра млади фудбалски таленти, застапен и женскиот фудбал!

Неготино и годинава беше во знакот на младинскиот фудбал со јубилејното издание...

Турнири

(ФОТО) Три дена фудбал, дружење и таленти: Успешно заврши 7. Меморијал „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки“

Успешно заврши седмото издание на меморијалниот турнир „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки 2026“, кој...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!