Прва лигаФудбал

(ВИДЕО) Мартинез: Многу сум среќен што сум дел од Башкими, со нетрпение ги очекувам новите предизвици

Сподели
Сподели

Новото засилување на прволигашот Башкими од Куманово, талентираниот играч за врска Клаудио Мартинез, денес ги имаше првите минути за новиот клуб на пријателскиот меч против второлигашот Камјани.

Мартинез за Опен ТВ истакна дека е многу среќен за неговите први минути во дресот на Башкими.

„Ова беше мојот прв натпревар овде и многу сум среќен поради првите 15 минути што ги одиграв со екипата. Веќе две недели сум тука и можам да кажам дека градот е многу убав. Многу сум среќен што сум дел од овој клуб. Луѓето овде се навистина прекрасни и сакам да му се заблагодарам на стручниот штаб, на тимот, на сите мои соиграчи. Навистина сум многу среќен и се гледаме наскоро“, изјави талентираниот играч за врска Клаудио Мартинез.

Башкими со пораз ја започна сезоната во ПМФЛ откако загуби во Кратово од Силекс со резултат од 6:0, а во рамки на второто коло на домашен терен ќе бара позитивен резултат против Тиквеш.



Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!