Фудбал

Вечерва ќе биде крунисан победникот на Меморијалниот турнир „Влатко Петров 2026“ во Чардаклија

Сподели
Сподели

По повеќе од две недели возбудливи натпревари, вечерва ќе биде спуштена завесата на Меморијалниот турнир во мал фудбал „Влатко Петров 2026“, кој традиционално се одржува во штипската населба Чардаклија и важи за еден од најпрестижните меморијални турнири во Источна Македонија.

На Денот на Републиката – 2 Август, љубителите на малото фудбалско игралиште ги очекува богата програма исполнета со емоции, спорт и почит кон ликот и делото на Влатко Петров.

Програмата започнува во 20:00 часот со свечена церемонија и полагање цвеќе на бистата на Влатко Петров, со што ќе му биде оддадена заслужена почит.

Од 20:30 часот ќе се одигра натпреварот за третото место, во кој силите ќе ги одмерат КМФ Кратово и Украс Инк.

Во 21:30 часот ќе следува доделување благодарници и признанија на спонзорите и покровителите кои дадоа поддршка за успешната организација на турнирот.

Кулминацијата на вечерта е закажана за 22:00 часот, кога во големото финале ќе се сретнат Перо и Тајфата и Компанија Атанасовски. Се очекуваат преполни трибини, одлична атмосфера и неизвесна борба за победничкиот трофеј.



Спортска Мрежа и оваа година е медиумски покровител на Меморијалниот турнир во мал фудбал „Влатко Петров 2026“, продолжувајќи да го поддржува еден од најзначајните спортски настани во регионот.

Сите патишта вечерва водат кон Чардаклија, каде љубителите на спортот ќе имаат можност да бидат дел од уште една незаборавна спортска вечер и свечено да го испратат годинешното издание на турнирот.



Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!