ИнтернационалциФудбал

Познати судиите за мечот меѓу Хибернијан и Шкендија во Единбург

Сподели
ФОТО: ФК Шкендија
Сподели



Македонскиот вицешампион Шкендија ги дозна официјалните лица кои ќе ја делат правдата на првиот натпревар против шкотски Хибернијан во рамките на третото квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА.

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) ја довери арбитражата на судиска екипа од Кипар. Главен судија на натпреварот ќе биде Менелаос Андониу, а негови помошници ќе бидат Павлос Георгиу и Ираклис Комодромос. Улогата на четврти судија ќе ја извршува Јоанис Христодулу, додека во ВАР-собата ќе бидат Димитрис Солому како ВАР судија и Андреас Техрани како ВАР асистент.

За контролор на судењето е назначен Петер Кари од Финска, додека делегат на натпреварот ќе биде Марцин Стефански од Полска.

Првиот дуел меѓу Хибернијан и Шкендија ќе се одигра во четврток во Единбург, со почеток од 21:00 часот.

Тетовскиот состав до оваа фаза стигна откако во реваншот во Скопје направи голем пресврт и со победата од 3:1 го елиминира словенечки Браво, обезбедувајќи пласман во третото квалификациско коло.



Шкендија воедно е и единствениот македонски претставник кој остана во европските натпреварувања ова лето, а во клубот ќе се надеваат дека ќе го продолжат успешниот континентален настап. Минатата сезона тетовци испишаа историски резултат, настапувајќи во групната фаза на Конференциската лига на УЕФА, а успеаја да обезбедат и европска пролет, што претставува едно од најголемите достигнувања на македонскиот клупски фудбал.



Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!