Ракомет

Еурофарм Пелистер слави во дербито со Вардар, Охрид со бод од Кавадарци, реми во Велес

Сподели
Сподели

Шампионот Еурофарм Пелистер вечерва со 35:33 го доби најголемото ракометно дерби со Вардар, откако на „жешкиот“ терен во Битола шампионот имаше дури и плус девет, но Вардар успеа да се врати, но не доволно за целосен пресврт, бодовите остануваат во Битола.

Еурофарм Пелистер со овој триумф се израмнува со Вардар на второто место, но и сериозно влегува во трката за првото место во регуларниот дел.

Радивојевиќ имаше 13 гола за шампионот, а пак Кузмановски постигна осум гола, за Вардар најдобар беше Крсманчиќ со девет гола.

Тиквеш и Охрид одиграа нерешено во Кавадарци, 26:26, во рамки на 15. коло за поделба на бодовите.

Неизвесна игра во текот на целиот меч, а на крајот Охрид имаше можност и да го реши мечот, но не реализираше во последните седум секунди.

Обина со седум гола беше најдобар кај Тиквеш, додека пак Гал Цирар со десет гола го водеше Охрид.

Реми и поделба на бодовите во Битола откако Борец Ф. и Пролет одиграа 25:25 во рамки на 15. коло.

Натпревар кој беше израмнет во текот на сите 60 минути, а домашниот голман Славјан Паунов беше на вистината на задача вечерва со 13 одбрани.

Најдобар кај Борец беше искусниот Ивица Илиев со осумг ола, а пак Бакар имаше 12 гола кај Пролет.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Ирена Велевачковска главна во Струмица, Здравко Костовски го доби дербито меѓу Скопје и Каменица Саса

Денес се играат натпреварите од 18. коло на Првата женска фудбалска лига, а познати се и судиите кои ќе делат правда. Веќе во...

Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичев Младиот кикбоксер Михаил Бошковски доби признание од Општина Кичево за...

Поврзани написи
Ракомет

Моралес: „Во второто полувреме влеговме многу пофокусирано“

Дербито меѓу Охрид и Алкалоид во плеј-офот од Супер Лигата заврши без...

Ракомет

Алкалоид поднесе жалба: Скандалозно судење на натпреварот против ГРК Охрид

Алкалоид ремизираше со Охрид во „Билјанини Извори“, откако двете екипи одиграа 27:27...

Ракомет

Прилеп со силен финиш го „скрши“ Куманово, Цветаноски блесна со осум гола

Ракометарите на Прилеп стигнаа до нова победа во плеј-аут фазата од Суперлигата,...

Ракомет

Пилиповиќ: „Покажавме карактер и се вративме по тежок почеток“

Дербито меѓу Охрид и Алкалоид во плеј-офот од Супер Лигата заврши без...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!