Турнири

Јубилејно 10. издание на „Зоран Недев – Фелер Куп 2026“: Неготино ќе биде домаќин на младинскиот фудбалски спектакл

Сподели
Сподели

Неготино од 22 до 24 август ќе биде во знакот на младинскиот фудбал, откако на Градскиот стадион ќе се одржи 10. Меморијален турнир „Зоран Недев – Фелер Куп 2026“, кој годинава слави значаен јубилеј – десет години традиција, спортско пријателство и детски насмевки.

Организаторите најавуваат учество на голем број екипи од Македонија и регионот, а младите фудбалери ќе се натпреваруваат во повеќе возрасни категории. На 22 август на програмата се генерациите 2014 (7+1), 2016 (6+1) и 2018 (5+1), ден подоцна ќе настапат генерациите 2015 (7+1), 2017 (6+1) и 2019 (5+1), додека 24 август е резервиран за турнирот во конкуренција на девојчиња родени 2013 година и помлади (6+1).

Покрај натпреварувачкиот дел, организаторите подготвија и богат награден фонд. Најдобрите три екипи ќе добијат пехари и медали, медали ќе бидат доделени и за екипите што ќе завршат од четвртото до шестото место, а првопласираните состави ќе бидат наградени и со комплет дресови. Предвидени се и специјални признанија за фер-плеј екипа, тимот со најмалку примени голови, како и за екипата со најмногу постигнати погодоци, додека за сите учесници се најавени и бројни изненадувања.

Меморијалниот турнир и оваа година ќе биде посветен на зачувување на споменот на Зоран Недев – Фелер, преку детската игра, фер-плејот и љубовта кон фудбалот – вредности врз кои е изграден овој препознатлив спортски настан.



Како и во изминатите години, Спортска Мрежа ќе биде медиумски покровител на турнирот, обезбедувајќи целосно медиумско следење на јубилејното издание, со информации, фотографии и извештаи од сите три натпреварувачки дена. Очекувањата се и годинава „Зоран Недев – Фелер Куп“ да понуди одлични натпревари, нови пријателства и уште една успешна промоција на младинскиот фудбал.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Костов блесна против шампионот: 15 гола од 15 обиди за охриѓанецот!

Охриѓанецот Наум Костов одигра натпревар за паметење во дресот на Куманово и со неверојатна реализација се најде во центарот на вниманието во второто...

Ракомет

Пелистер, Алкалоид, Вардар и Тиквеш со победи во Супер лигата!

Четири натпревари од Супер машката лига донесоа очекувани победи на фаворитите, но дел од нив мораа добро да се испотат за да стигнат...

Поврзани написи
Турнири

Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“ со награден фонд од 250.000 денари – Брвеница подготвува голем фудбалски спектакл

Брвеница и оваа година ќе биде домаќин на Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“,...

Турнири

Започна првиот меморијален турнир „Васил Рингов“ во чест на легендата на Вардар

На терените на Фудбалската федерација на Македонија денес и утре, за првпат...

Турнири

„Зоран Недев – Фелер Куп 2026“: Неготино десетти пат собра млади фудбалски таленти, застапен и женскиот фудбал!

Неготино и годинава беше во знакот на младинскиот фудбал со јубилејното издание...

Турнири

(ФОТО) Три дена фудбал, дружење и таленти: Успешно заврши 7. Меморијал „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки“

Успешно заврши седмото издание на меморијалниот турнир „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки 2026“, кој...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!