Прва лигаФудбал

Башкими со нов тренер ги започна подготовките, комплетен ремонт во тимот

Сподели
ФОТО: ФК Башкими
Сподели



Прволигашот Башкими ги започна подготовките за новата сезона, со која официјално стартува ново поглавје во клупската историја. Кумановскиот состав во новата сезона ќе го предводи новиот шеф на стручниот штаб Гајур Реџепи, додека негов помошник ќе биде Бесим Мустафи, кој доаѓа од клупската академија.

Од клубот порачаа дека ги очекува долг пат исполнет со предизвици, напорна работа и позитивни изненадувања, нагласувајќи дека борбениот дух останува препознатлив белег на Башкими.

Воедно, Башкими упати благодарност до досегашниот тренер Баже Јанакиевски за неговата посветеност и придонес во текот на изминатата сезона, посакувајќи му многу успех во понатамошната тренерска кариера.

Пред стартот на подготовките, клубот се раздели и со поголем број фудбалери. Дресот на Башкими повеќе нема да го носат Есмин Личина, Борјан Пановски, Амир Јашари, Сумер Хасан, Фисник Зука, Емир Асани, Давид Манасиевски, Анатолиј Петејчук, Решул Мемети, Филип Алексовски, Фодај Травели и Емануел Аворнио. Од клубот им се заблагодарија за професионалниот однос, вложениот труд, посветеноста и жртвата што ја покажаа бранејќи ги боите на Башкими, посакувајќи им многу успех во продолжението на нивните кариери.

Минатата сезона Башкими по подолга пауза успеа да се врати во Првата македонска фудбалска лига, а во претстојниот шампионат клубот ќе се соочи со големи предизвици во борбата за што подобри резултати меѓу најдобрите македонски екипи.



Од раководството упатија и повик до сите граѓани, компании и љубители на клубот да дадат свој придонес во понатамошниот развој и јакнење на Башкими.

Новата сезона во Првата македонска фудбалска лига започнува на 25 јули, а Башкими истата ја отвара против Силекс во Кратово.



Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Костов блесна против шампионот: 15 гола од 15 обиди за охриѓанецот!

Охриѓанецот Наум Костов одигра натпревар за паметење во дресот на Куманово и со неверојатна реализација се најде во центарот на вниманието во второто...

Ракомет

Пелистер, Алкалоид, Вардар и Тиквеш со победи во Супер лигата!

Четири натпревари од Супер машката лига донесоа очекувани победи на фаворитите, но дел од нив мораа добро да се испотат за да стигнат...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Меч под рефлектори во Струмица: Беласица и Тетекс вечерва во битка за три бода

Петтото коло од Втората македонска фудбалска лига носи натпревар под рефлектори. Во...

Трета лигаФудбал

Кичевски Напредок убедливо ја стартуваше новата сезона – висок триумф над Демир Хисар

Напредок со висока победа од 4:1 преку пресврт над Демир Хисар ја...

Трета лигаФудбал

ФОТО: Пчиња победнички ја отвори сезоната, Речица и Победа од Тромеѓа ги поделија бодовите

Со два натпревари започна новата сезона во Трета лига Регион 2, сезоната...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!