Втора лигаФудбал

По фантастичната сезона, Филип Димоски се раздели со Осогово – интересот за неговиот потпис е голем

Сподели
Сподели

По одличната сезона во дресот на Осогово, искусниот напаѓач Филип Димоски и официјално се раздели со кочанскиот второлигаш, оставајќи зад себе значаен белег во редовите на „жетварите“.

Димоски беше еден од најзаслужните за успешната сезона на Осогово, која клубот ја заврши на високото шесто место во Втората македонска фудбалска лига. Во пролетниот дел од шампионатот, по зимскиот трансфер од Победа, 26-годишниот голгетер постигна дури 13 голови во дресот на Осогово, а ако се додадат и трите погодоци за Победа во есенскиот дел, сезоната ја заврши со вкупно 16 голови.

Со ваквиот голгетерски учинок, Димоски се најде меѓу четирите најдобри стрелци во Втората лига, а зад себе ја остави и најуспешната сезона во својата кариера. Во дресот на Осогово двапати постигна хет-трик, а со своите голови и настапи во повеќе наврати директно носеше важни бодови за кочанскиот состав.

Во текот на својата кариера настапуваше и за Победа, Охрид, Детонит Плачковица, Каменица Саса, Питу Гули, Вардар Неготино и 11 Октомври, клубот каде што ги направи своите први фудбалски чекори.

По разделбата со Осогово, Димоски веќе има неколку конкретни понуди на својата маса. Според информациите на Спортска Мрежа, интерес за неговите услуги покажале повеќе клубови, а искусниот напаѓач во наредниот период ќе треба да ја избере најдобрата опција и да одлучи каде ќе ја продолжи својата кариера.



Неговите партии во изминатата сезона уште еднаш потврдија дека станува збор за напаѓач кој знае како се постигнуваат голови и кој може да направи разлика на теренот, па нема сомнеж дека неговата следна „станица“ ќе биде внимателно следена од фудбалската јавност.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“ со награден фонд од 250.000 денари – Брвеница подготвува голем фудбалски спектакл

Брвеница и оваа година ќе биде домаќин на Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“, кој ќе го има своето четврто издание, со богата спортска програма...

Трета лигаФудбал

Стартува Трета лига регион 4 со 14 екипи – првото коло носи интересни двојки

Викендот започнува новата сезона во Третата македонска фудбалска лига регион 4, а во истата ќе се натпреваруваат 14 екипи. Познати се сите екипи,...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Стартува Трета лига регион 4 со 14 екипи – првото коло носи интересни двојки

Викендот започнува новата сезона во Третата македонска фудбалска лига регион 4, а...

Втора лигаФудбал

Одложен натпреварот меѓу Работнички и Брера во Втора лига

Натпреварот од 5. коло на Втората македонска фудбалска лига меѓу Работнички и...

Втора лигаФудбал

Работнички се засили со Мердиан Рамадани

Второлигашот Работнички донесе засилување со цел да го подигне квалитетот во сопствените...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Реми во Тетово: Љуботен и Тиверија Брера ги поделија бодовите

Без победник заврши натпреварот во Тетово со кој се комплетираше 4. коло...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!