Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Македонската сениорска репрезентација ги дозна ривалите во втората претквалификациска рунда за Евробаскет 2029.

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

На денешната ждрепка, машката сениорска репрезентација на Македонија беше сместена во групата „Ф“, каде што ќе ги одмери силите со селекциите на Кипар и Австрија во борбата за место во квалификациите за ФИБА Евробаскет 2029.

Македонија во оваа фаза влегува со максимална самодоверба, откако во првата претквалификациска рунда забележа шест победи на исто толку натпревари и убедливо го освои првото место во својата група.

Во вториот круг ќе се игра по двокружен систем, што значи дека секоја репрезентација ќе одигра по четири натпревари – по два на домашен и два на гостински терен. Натпреварите ќе бидат распоредени во трите ФИБА „прозорци“ – во август и ноември 2026 година, како и во февруари 2027 година.

Пласман во главните квалификации за Евробаскет 2029 ќе обезбедат победниците на четирите претквалификациски групи.

Состав на групите:

Група Д

Данска

Романија

Бугарија

 

Група Е

Швајцарија

Велика Британија

Словачка

 

Група Ф

Кипар

Австрија

Македонија

Група Г

Белгија

Чешка

Норвешка

Македонија ќе го започне новиот квалификациски циклус на 30 август, а четирите натпревари од оваа фаза ќе бидат клучни во борбата за место во главните квалификации за ФИБА Евробаскет 2029.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Шведска ја запре Грција на 24 гола, Македонија во Халкида може да ѝ побегне четири бода

Грција ќе ја пречека Македонија без бодови во квалификациите за Европското првенство во 2028 година. Вечерва во Векше, грчките ракометари загубија од Шведска...

Втора лигаФудбал

Ѓорѓиев главен во Кочани, Смоквоски ќе им суди на Тетекс и Еуромилк, Јовановски патува во Новаци

Во сабота ќе бидат одиграни седумте натпревари од 11. коло на Втората македонска фудбалска лига. Сите мечеви ќе стартуваат во 13 часот. Познати...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Шведска ја запре Грција на 24 гола, Македонија во Халкида може да ѝ побегне четири бода

Грција ќе ја пречека Македонија без бодови во квалификациите за Европското првенство...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Таневски повика 24 фудбалери за контролниот дуел со Србија

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година на 12 ноември ќе...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!