Втора лигаФудбал

Новаци се засили на десната страна со Стефан Спировски

Сподели
Сподели

Второлигашот Новаци го промовираше Стефан Спировски како ново засилување, се работи за 20-годишен фудбалер кој е дете на Пелистер.

Спировски може да ја покрива десната страна од теренот, односно може да игра како десен бек и десно крило, а минатата сезона настапуваше за второлигашот Преспа од Ресен.

За Спировски ова ќе биде враќање во второлигашот Новаци, бидејќи во период од јануари до август 2024 година го носеше дресот на Новаци.

Новаци претходно се засили со Андреј Сиљановски, кој доаѓа исто така од Пелистер, како и со Кирил Стојков и Петар Гугуљанов, двајцата во пакет пристигнаа од Кожуф.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Шведска ја запре Грција на 24 гола, Македонија во Халкида може да ѝ побегне четири бода

Грција ќе ја пречека Македонија без бодови во квалификациите за Европското првенство во 2028 година. Вечерва во Векше, грчките ракометари загубија од Шведска...

Втора лигаФудбал

Ѓорѓиев главен во Кочани, Смоквоски ќе им суди на Тетекс и Еуромилк, Јовановски патува во Новаци

Во сабота ќе бидат одиграни седумте натпревари од 11. коло на Втората македонска фудбалска лига. Сите мечеви ќе стартуваат во 13 часот. Познати...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

Шкендија му даде шест на Тетекс и се доближи на четири бода до Вардар

Шкендија го доби тетовското дерби против Тетекс со 6:0 во 11. коло...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!