Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Младите кошаркари У18 поразени од Бугарија на првиот контролен натпревар во Бугарија

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Машката репрезентација на Македонија У18  беше поразена од Бугарија со 87:77 во првиот од двата контролни натпревари што се играат во Ботевград, во рамките на подготовките за претстојните европски првенства.

Домаќинот беше подобар во поголемиот дел од средбата и на крајот заслужено стигна до победата со десет поени разлика. Натпреварот им послужи на двата стручни штаба како важна проверка на формата пред почетокот на континенталните шампионати.

Македонските јуниори веќе денес ќе имаат можност за поправен, кога повторно ќе се сретнат со Бугарија во вториот контролен натпревар во Ботевград.

По завршувањето на двомечот, репрезентацијата се враќа во Скопје, каде ќе ги продолжи подготовките за Европското првенство од Дивизијата „Б“, кое ќе се одржи од 24 јули до 2 август во Опатија и Ријека, Хрватска.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбал

Чурлинов погоди по пет минути, но Погон остана без бодови и заврши со деветмина

Дарко Чурлинов повторно се запиша меѓу стрелците во полското првенство, но неговиот ран погодок не беше доволен за успех на Погон Шчечин. Македонскиот...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Јован Качевски ќе го суди дербито меѓу Љуботен и Скопје, Никола Петковски ќе им суди на Истатов и Кочани

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на дербито на 11. коло на Првата женска фудбалска лига во Тетово, меѓу лидерот Љуботен...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Шест победи, но нов противник: Македонија против Луксембург го отвора патот кон десеттото ЕП

Македонската ракометна репрезентација има совршен биланс против Луксембург — шест победи во...

Останати репрезентацииРепрезентација

Историски успех за македонското ски-планинарство: ФПСМ стана полноправна членка на светската федерација ISMF!

Македонското ски-планинарство испишува нова страница во својата историја! Федерацијата за планинарство на...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонската женска фудбалска репрезентација од 17 години го освоија второто место го групата

Репрезентацијата до 17 години во женска конкуренција во последниот натпревар на квалификацискиот...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Започнува продажбата на билети за Македонија – Словенија

Фудбалската федерација на Македонија ги информира навивачите и љубителите на фудбалот дека...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!