Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Младите кошаркарки у18 поразени од Бугарија на првиот контролен натпревар пред Европското првенство

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Женската репрезентација на Македонија „Под 18“ го одигра првиот контролен натпревар во рамките на подготовките за Европското првенство од Дивизијата „Б“, кое од 31 јули до 9 август ќе се одржи во романскиот град Тулчеа. Во Ботевград, избраничките на селекторот Виктор Петровски беа поразени од Бугарија со 64:58, но прикажаа солидна игра и до самиот крај останаа во борба за поволен резултат.

Македонскиот состав на ова гостување настапи без неколку важни кошаркарки, бидејќи поради различни причини недостасуваа Груевска, Колева и Димитровска. И покрај тоа, младите репрезентативки одиграа борбено, а меѓу нив се истакна и Милосављевиќ, која неодамна се врати во тренажен процес.

Домашната селекција во текот на целиот натпревар одржуваше мала резултатска предност. Бугарија ја доби првата четвртина со 21:13, а на полувремето замина со водство од 36:29.

Во второто полувреме Македонија заигра значително подобро и по третата четвртина ја намали разликата на 51:46. Во неизвесната завршница нашите кошаркарки се доближија на само еден посед негатива, но не успеаја целосно да го свртат резултатот, па победата остана кај домаќинот.

Најефикасна во македонскиот тим беше капитенот Дора Алексова со 14 поени и два скока. Пислевска постигна 11 поени и запиша три скока, Трајковска додаде осум поени, додека Милосављевиќ средбата ја заврши со шест поени.

Македонија и Бугарија, според претходниот договор, утре ќе одиграат уште еден контролен натпревар во Ботевград. По оваа проверка, македонската репрезентација се враќа во Скопје, каде ќе ги продолжи подготовките за настапот на Европското првенство од Дивизијата „Б“ во Тулчеа.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

КупФудбал

КУП: Истатов домаќин на Тиверија Брера, Каменица Саса ќе има лесна задача, Пелистер и Љуботен домаќини

Денес беа извлечени двојките за четвртфиналето од Купот на Македонија во женска конкуренција. Во оваа фаза од Купот пласман обезбедија само прволигашите. Истатов...

Втора женска фудбалска лигаФудбал

Билјанини Извори го доби Топ Гол, Јоана Никова херој: Охриѓанки со одличен старт во новата сезона

Денес се комплетираше второто коло на Втората женска фудбалска лига откако Билјанини Извори со 2:1 славеше над ланскиот прволигаш Топ Гол од Битола...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Нов пораз за Македонија: Швајцарија убедлива со три гола во Луцерн

Фудбалската репрезентација на Македонија со пораз ги заврши натпреварите во овој циклус...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

СТАРТНИ СОСТАВИ: Алиоски се враќа, со Дориев и Елмас против Швајцарија!

Македонија вечерва во Луцерн ја очекува четвртиот натпревар во Лигата на нации,...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонската репрезетнација до 18 години со победа над Црна Гора

Младата репрезентација на Македонија до 18 години забележа победа од 1:0 против...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!