Втора лигаФудбал

Охрид ги започна подготовките – целта ќе биде одново атак на Прва лига, се носат квалитетни засилувања

Сподели
ФОТО: ГФК Охрид Лихнидос
Сподели

Второлигашот Охрид ги започна подготовките за новата сезона во која одново ќе атакува на влез во Првата македонска фудбалска лига.

Костурот на тимот е задржат во целост со мали измени, а за што веќе се водат преговори за засилувања, едно од тие ќе биде Дамјан Масевски, за што ексклузивно објавува Спортска Мрежа.

Управата веќе води преговори и во градот покрај езерото треба да пристигнат неколку прволигашки засилувања кои значително ќе го подигнат квалитетот на тимот.

Веќе официјално од клубот замина најдобриот стрелец Иван Глигоров кој е ново засилување на прволигашот Арсими, заминаа и браќата Стојан и Димитриј Попоски, како и Димитриј Димитриевски кој е нов играч на Беласица, од Охрид замина и Дарко Илиески како и Давор Серафимов.

Клубот тренира максимално посветено, целиот тим е во карантин во хотел „Десарет“ во Пештани, од каде доаѓаат на тренинг наутро и пладне, што е потврда за одлична организација со оглед на тоа што така се гради голема кохезија во тимот, каде што владее и одлична позитивна атмосфера.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Шведска ја запре Грција на 24 гола, Македонија во Халкида може да ѝ побегне четири бода

Грција ќе ја пречека Македонија без бодови во квалификациите за Европското првенство во 2028 година. Вечерва во Векше, грчките ракометари загубија од Шведска...

Втора лигаФудбал

Ѓорѓиев главен во Кочани, Смоквоски ќе им суди на Тетекс и Еуромилк, Јовановски патува во Новаци

Во сабота ќе бидат одиграни седумте натпревари од 11. коло на Втората македонска фудбалска лига. Сите мечеви ќе стартуваат во 13 часот. Познати...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

Шкендија му даде шест на Тетекс и се доближи на четири бода до Вардар

Шкендија го доби тетовското дерби против Тетекс со 6:0 во 11. коло...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!