Младински фудбалФудбал

Даниел Боневски: Њу Старс ја преброди најтешката сезона и излезе посилен од кога било

Сподели
Сподели

По една турбулентна и исполнета со предизвици сезона, фудбалскиот клуб Њу Старс успеа да ги оствари поставените цели и да излезе уште посилен. Клубот направи сериозни промени во играчкиот и тренерскиот кадар, а паралелно продолжи со успешната работа во младинските категории и развојот на својата школа.

Првиот тим обезбеди пласман во Третата лига по освојувањето на првото место во Четвртата лига, додека младинците го задржаа прволигашкиот статус и сезоната ја завршија на 10. место во конкуренција на 16 екипи.

За изминатата сезона, работата во клубот, јубилејот од 15 години постоење и плановите за иднината разговараме со координаторот на Њу Старс, Даниел Боневски.

Ова беше една од најпредизвикувачките години за нашиот клуб. Направивме сериозна реконструкција и на играчкиот и на тренерскиот кадар, што секогаш бара време, трпение и многу работа. И покрај сите предизвици, покажавме карактер и успеавме да ја исполниме најважната цел – да го обезбедиме опстанокот во Првата младинска лига.

Во конкуренција на 16 екипи ја завршивме сезоната на 10. место, што сметам дека е одличен резултат ако се земат предвид сите промени низ кои поминавме. Тоа ни дава стабилна основа за сезоната 2026/27.

Првиот тим исто така имаше успешна сезона.

Да, навистина сум задоволен. Со добрите игри во Четвртата лига успеавме да го освоиме првото место и со тоа обезбедивме директен пласман во Третата лига. Тоа е резултат на посветената работа на сите во клубот. Во наредните денови ќе ги претставиме и новите засилувања кои ќе го подигнат квалитетот на нашиот прв тим.

  • Како сте задоволни од работата во детската школа?

Искрено, многу сум задоволен. Најголемата вредност на Њу Старс отсекогаш биле децата и нивниот развој. Гледам огромен напредок кај сите генерации, а тоа е резултат на квалитетната работа на тренерите и големата посветеност на самите деца.

Во текот на сезоната учествувавме на голем број домашни и меѓународни турнири, а од многу од нив се вративме со пехари и медали, односно со пласман меѓу трите најдобри екипи во своите генерации.

Би ги издвоил настапите на Гочко Куп – Врњачка Бања, Првомајски турнир – Златибор, Златибор Куп, ISF, Cup – Златибор, Соко Бања и Еуроспорт Куп. Се извинувам доколку пропуштив некој турнир, бидејќи оваа година навистина имавме богат календар на натпреварувања.

  • Оваа година клубот прослави и значаен јубилеј.

Да, со голема гордост одбележавме 15 години постоење на Њу Старс. По тој повод го организиравме нашиот традиционален New Stars Tournament, на кој учествуваа повеќе од 600 деца од Македонија и регионот. Тоа беше вистински празник на детскиот фудбал.

Особено ми е драго што на оваа свеченост доделивме благодарници на сите оние кои во изминатите 15 години оставиле свој белег во развојот на клубот. Њу Старс денес е тоа што е благодарение на заедничката работа, довербата и поддршката од сите што биле дел од ова семејство.

  • Кои се очекувањата за следната сезона?

Нашата цел останува иста – континуиран развој на младите фудбалери, стабилен прв тим и уште подобри резултати во сите категории. Ќе продолжиме да инвестираме во квалитетна работа, во едукација на тренерскиот кадар и во создавање услови секое дете да има можност да го достигне својот максимум.

Им благодарам на сите родители, тренери, фудбалери, спонзори и пријатели на клубот за довербата и поддршката. Верувам дека најубавите моменти за Њу Старс допрва доаѓаат.

Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

Соколи 1933 го засили ростерот со Костоски и Александровски!

КК Соколи 1933 продолжува со создавањето на конкурентен состав за новата сезона, а штипскиот клуб во своите редови донесе две искусни македонски имиња...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Марија Бојкова се врати во ЖФК Кочани

Прволигашот Кочани кој минатата сезона преку бараж избори опстанок се засили со Марија Бојкова, која е повратничка во редовите на поранешниот шампион на...

Поврзани написи
Прва женска фудбалска лигаФудбал

Марија Бојкова се врати во ЖФК Кочани

Прволигашот Кочани кој минатата сезона преку бараж избори опстанок се засили со...

Трета лигаФудбал

ФОТО: Избран новиот Управен одбор на Трета лига регион 4 – седиштето ќе биде во Прилеп

Денес во Кавадарци беше избран новиот Управен одбор за Трета лига регион...

Прва лигаФудбал

Брегалница под рефлектори против Башкими, во вечерен термин и дерби меѓу Шкендија и Струга

Четвртото коло на Првата македонска фудбалска лига ќе се игра во три...

Втора лигаФудбал

Детонит Плачковица со двајца свои младински репрезентативци на Медитеранските игри!

Детонит Плачковица продолжува да биде клуб кој дава простор и можност за...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!