Втора лигаТрета лигаФудбал

ВИДЕО: Познато кој стадион колку столчиња ќе добие од ФФМ

Сподели
Сподели

Стадионите ширум Македонија ќе добијат ново руво откако ќе бидат имплементирани столчињата на трибините со што ликот на многу стадиони ќе биде променет, а публиката ќе има подобри услови да следи натпревари.

Како што истакна претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ во првата фаза биле донирани 8.270 столчиња за стадионите и терените низ Македонија, а на крајот од процесот, донацијата од ФФМ ќе надмине повеќе од 30.000 столчиња.

„Ветивме дека ќе инвестираме во подобри услови за фудбалот. И тоа го правиме. Во првата фаза дониравме 8.270 столчиња за стадионите и терените низ Македонија. Продолжуваме со реализација на втората фаза од донацијата, со уште близу 9.000 столчиња. На крајот од процесот, нашата донација ќе надмине повеќе од 30.000 столчиња за стадионите и терените во општините што аплицираа до ФФМ. За секој клуб. Фудбалот заслужува“, вели претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ.

Познато е кој стадион односно фудбалски терен ќе добие столчиња. Велес ќе добие 900 столчиња, Гостивар ќе добие 500 столчиња, Гевгелија и Кисела Вода ќе добијат најмногу столчиња – по 1.500, потоа Гази Баба 1.270 столчиња, на Градскиот стадион во Валандово ќе се постават 700 столчиња, додека пак за Градскиот стадион во Радовиш се планирани 900 столчиња. 1.000 столчиња од ФФМ ќе бидат испратени за Јегуновце.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

„Денови на женскиот ракомет“ во Ѓорче Петров: Два дена спорт, традиција и нова енергија

Општина Ѓорче Петров претстојниот викенд ќе биде во знакот на женскиот ракомет, со одржувањето на спортската манифестација „Денови на женскиот ракомет“, посветена на...

Трета лигаФудбал

Поранешниот репрезентативец Дејан Блажевски го засили Њу Старс

Њу Старс од Скопје доби сериозно засилување за новата сезона, откако дресот на клубот го задолжи искусниот 40-годишен Дејан Блажевски. Поранешниот македонски репрезентативец...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Поранешниот репрезентативец Дејан Блажевски го засили Њу Старс

Њу Старс од Скопје доби сериозно засилување за новата сезона, откако дресот...

Втора лигаФудбал

Второлигашот Кожуф се засили со младиот Благој Стојчев

Второлигашот Кожуф од Гевгелија се засили со младиот Благој Стојчев, кој доаѓа...

Втора лигаФудбал

Пелистер сигурен против Работнички, Брера славеше над Македонија ЃП

Со два дуели на лански прволигаши се затвори четвртото коло на Втората...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!