Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Тодоровиќ го скрати списокот, Македонија У18 утре го игра првиот контролен натпревар против Косово

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Македонската машка кошаркарска репрезентација до 18 години продолжува со подготовките за претстојното Европско првенство, а првата проверка ја очекува утревечер против Косово.

По успешно одработената прва недела од подготовките, селекторот Миодраг Тодоровиќ и неговиот стручен штаб го намалија списокот на кандидати. Од првичните 30 кошаркари, во подготовките остануваат 16 играчи кои ќе конкурираат за настап на континенталниот шампионат.

По контролниот натпревар со Косово, младите македонски кошаркари ќе отпатуваат во Бугарија, каде ќе одиграат уште две пријателски средби како дел од завршната фаза на подготовките.

„Помина првата недела од почетокот на подготовките за Европското првенство. Започнавме со селективни тренинзи на кои имавме 30 кошаркари, а во изминатиот период бројката на присутни во тренажниот процес ја сведовме на 16. Во оваа почетна фаза фокусот ни беше ставен на физичката подготовка, како и на основните принципи и задачи во играта.

Веќе утре вечер ќе ја имаме и првата проверка, контролен натпревар против селекцијата на Косово. Неколку дена подоцна патуваме за Бугарија, каде се закажани уште две пријателски средби кои ќе ни послужат како важен дел од оваа средишна фаза од подготовките“, вели селекторот Тодоровиќ.

Македонските јуниори тренираат во малата сала на СРЦ „Кале“, каде секојдневно ги одработуваат тренинзите со почеток од 18 часот.

Во моментов во тренажниот процес  вклучени се 16 кошаркари: Григориј Ѓорѓевиќ, Дамјан Данев, Жарко Терзиевски, Алексеј Нешовиќ, Дамјан Стојановски, Марко Бајалџиев, Ѓорѓи Цветковски, Дамјан Илиевски, Дамјан Стојаноски, Љубен Ефтимовски, Павел Ѓиновски, Лука Чучанов, Михајло Малиниќ, Филип Алексовски, Александар Сотир и Горазд Спасовски.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

РФМ со официјален приговор до ЕХФ: На телевизискиот пренос стоеше NMKD!

Ракометната федерација на Македонија преку соопштение информираше дека ќе поднесе официјален приговор...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија загуби од Грција во Халкида!

Македонската машка ракометна репрезентација го претрпе првиот пораз во квалификациите за Европското...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија има позитивна историја со Грција – денеска нова битка во Халкида!

По убедливиот триумф над Луксембург на отворањето на квалификациите за ЕП 2028,...

Останати репрезентацииРепрезентација

Пет круга до целта: Далија Стојановска со 46. место на европското деби во велокрос

Далија Стојановска ги извози сите пет круга на јуниорската трка на Европското...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!