Турнири

„Малеш Куп 2026“ нуди 130.000 денари за победникот – пријавите се во тек!

Сподели
Сподели



Берово и ова лето ќе биде домаќин на еден од најатрактивните турнири во мал фудбал во источниот дел на Македонија. Во тек се пријавувањата за традиционалниот турнир „Малеш Куп 2026“, кој ќе се одржи од 17 до 25 јули на теренот кај Старата гимназија во Берово.

Со секое ново издание турнирот го потврдува својот квалитет и углед, а и оваа година организаторите најавуваат одлична организација, квалитетни натпревари, фер-плеј и вистинска спортска атмосфера, која секое лето привлекува голем број екипи и публика.

За најуспешните екипи е обезбеден богат награден фонд. Победникот ќе освои 130.000 денари, второпласираниот тим 70.000 денари, третото место носи 35.000 денари, додека четвртопласираната екипа ќе биде наградена со 10.000 денари.

Покрај екипните награди, традиционално ќе бидат доделени и индивидуални признанија за најдобар играч, најдобар стрелец и најдобар голман на турнирот.

Котизацијата за учество изнесува 6.000 денари по екипа, а поради ограничениот број на учесници организаторите ги повикуваат сите заинтересирани навреме да го обезбедат своето место. За пријавување и дополнителни информации на располагање е телефонскиот број 078 227 062 (Методи).

И оваа година „Спортска Мрежа“ ќе биде медиумски покровител на „Малеш Куп“, продолжувајќи ја успешната соработка што трае уште од самото основање на турнирот. Од неговото прво издание во 2022 година, нашиот портал е дел од оваа спортска приказна и редовно известува за сите случувања од Берово.



Во текот на турнирот, преку „Спортска Мрежа“ ќе бидат објавувани детални извештаи, фотографии и видеа од секој натпревар, што претставува дополнителна медиумска промоција за сите екипи и нивните спонзори.

Соберете ја вашата екипа, пријавете се навреме и бидете дел од уште едно возбудливо издание на „Малеш Куп 2026“, турнир кој веќе се вбројува меѓу најдобрите малофудбалски манифестации во Источна Македонија.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Турнири

Екипи од четири држави доаѓаат на Ohrid Winter Cup 2026, пријавувањето продолжува интересот ОГРОМЕН, услови одлични!

Голем број екипи од Македонија веќе пријавија учество на меѓународниот детски фудбалски...

Турнири

(ФОТО) Power Team го освои првиот Меморијален турнир „Горан Трајчев“ во Кратово

Екипата на Power Team е победник на првиот Меморијален турнир во мал...

Турнири

Охрид подготвен за нова фудбалска приказна: Од 5 до 8 декември ќе се одржи Ohrid Winter Cup 2026

Охрид во зимски амбиент ќе биде домаќин на меѓународниот младински фудбалски турнир...

Турнири

Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“ со награден фонд од 250.000 денари – Брвеница подготвува голем фудбалски спектакл

Брвеница и оваа година ќе биде домаќин на Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!