Турнири

ФОТО: БЗ Груп Струга, Гранит Х и Сатеска беа доминантни вечерва на турнирот во Мешеишта

Сподели
Сподели

Како по традиција секоја вечер на турнирот во мал фудбал „Петровден“ во Мешеишта се постигаат многу погодоци и се бележат високи и убедливи победи.

Вечерва екипата на БЗ Груп Струга со „петарда“ дојде до освојување на целиот „плен“ откако со 5:1 го доби составот на Нова-пор.

На голем триумф се радуваше и тимот на Гранит Х кој со 1:4 немаше проблем да го совлада Студио 13 Ресен кој немаше капацитет на парира на разиграниот тим на Гранит Х.

Висока победа имаше и составот на Сатеска, слична слика на првиот воведен меч, откако Сатеска со 6:1 го доби Екстра Скопско, во меч каде не се покажа баш екстра на теренот, беше инфериорен противник.

Во последниот меч екипата на Кибо Пласт го доби службено (3:0) против Студио 13 Ресен.

Утре ќе биде слободен ден на турнирот, а возбудувањата продолжуваат од сабота.

Спортска Мрежа и годинава е медиумски покровител на овој спортски настан кој го има своето 51. издание.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Фудбал

ФФМ ја повлече поддршката за Инфантино за нов мандат на чело на ФИФА!

По состанокот на претседателите на членките на УЕФА со претседателот и Извршниот комитет на европската фудбалска централа, Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука...

Кошарка

ТФТ го засили тимот со еден од најголемите македонски таленти

Кошаркарскиот клуб ТФТ Скопје продолжува со градењето на ростерот за сезоната 2026/27, а најновото засилување е еден од најперспективните македонски кошаркари – Ѓорѓи...

Поврзани написи
Турнири

Отворени пријавите за Ohrid Winter Cup – четири дена фудбал, дружење и натпревари на „Билјанини Извори“

Охрид во декември ќе биде домаќин на уште еден голем младински фудбалски...

Турнири

Меморијалниот турнирот во Дебреште влегува во возбудлива фаза, од утре стартува осминафиналето

Заврши групната фаза на меморијалниот турнир во мал фудбал „Алмир Ибески –...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!