Останати репрезентацииРепрезентација

Ѓорческа избори финале во квалификациите за Вимблдон

Сподели
ФОТО: ТФМ
Сподели

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа се пласираше во финалното коло од квалификациите за Вимблдон, откако по голем пресврт ја совлада Португалката Франциска Жорге со 2-1 во сетови (5:7, 6:2, 6:1). Мечот траеше 2 часа и 23 минути, а Ѓорческа по загубениот прв сет целосно ја презеде контролата и доминираше до крајот на натпреварот.

Во вториот сет македонската тенисерка отвори одлично и со два брејка поведе со 3:0. Иако Жорге успеа да врати еден брејк и да намали на 3:1, Ѓорческа продолжи со сигурна игра, направи уште еден брејк за водство од 5:2 и потоа без проблем го освои сетот со 6:2.

Во решавачкиот трет сет Ѓорческа повторно започна силно и со два брејка стигна до предност од 3:0. Португалката возврати со еден брејк, но тоа беше сè што успеа да направи. Македонката до крајот на мечот беше убедлива и со 6:1 го завери пласманот во последната квалификациска рунда.

За место на главниот турнир на Вимблдон, Ѓорческа утре ќе се соочи со Италијанката Лусија Бронцети, која во второто коло ја совлада Јустина Микулските со 2-0 во сетови. Ова ќе биде трет меѓусебен дуел на двете тенисерки, а досегашниот биланс е израмнет – по една победа за секоја од нив.

Вчерашната програма во Лондон беше накратко прекината поради високите температури, но тоа не ја спречи Ѓорческа да оствари една од најзначајните победи во квалификациите и да остане на чекор до настап на најпрестижниот тениски турнир во светот.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

РФМ со официјален приговор до ЕХФ: На телевизискиот пренос стоеше NMKD!

Ракометната федерација на Македонија преку соопштение информираше дека ќе поднесе официјален приговор...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија загуби од Грција во Халкида!

Македонската машка ракометна репрезентација го претрпе првиот пораз во квалификациите за Европското...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија има позитивна историја со Грција – денеска нова битка во Халкида!

По убедливиот триумф над Луксембург на отворањето на квалификациите за ЕП 2028,...

Останати репрезентацииРепрезентација

Пет круга до целта: Далија Стојановска со 46. место на европското деби во велокрос

Далија Стојановска ги извози сите пет круга на јуниорската трка на Европското...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!