Останати репрезентацииРепрезентација

Убедлива победа на Калин Ивановски на турнирот во Загреб

Сподели
ФОТО: ТФМ
Сподели

Македонскиот Дејвис куп репрезентативец Калин Ивановски успешно го започна настапот на ИТФ М25 турнирот во Загреб, откако во првото коло славеше против Јан Фацек од Чешка со 2-0 во сетови (6:2, 6:3) по 82 минути игра.

Ивановски одигра сигурен натпревар и уште во првиот сет ја наметна својата игра. Со два брејка, во првиот и петтиот гем, поведе со 5:1 и без проблеми го приведе сетот во своја корист со 6:2.

Во вториот сет се водеше поизедначена борба до резултат 3:3, по што македонскиот тенисер ја презеде иницијативата. Со два нови брејка врза три последователни гема и ја искористи втората меч-топка за конечни 6:3 и пласман во следната рунда.

Во осминафиналето Ивановски ќе се сретне со Павлос Циципас од Грција, кој во првото коло го совлада Кирил Кивацев со 2-0 во сетови.

Од македонските претставници во Загреб, утре настап ќе има и првиот носител Олег Приходко, кој ќе ги одмери силите со Хлеб Секачов. Покрај настапите во сингл конкуренција, Ивановски и Амар Хусеиновиќ, како и Приходко и Андреј Чепелев, ќе настапат и во двојки, што значи дека Ивановски и Приходко ги очекува исполнет натпреварувачки ден со по два меча.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

РФМ со официјален приговор до ЕХФ: На телевизискиот пренос стоеше NMKD!

Ракометната федерација на Македонија преку соопштение информираше дека ќе поднесе официјален приговор...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија загуби од Грција во Халкида!

Македонската машка ракометна репрезентација го претрпе првиот пораз во квалификациите за Европското...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија има позитивна историја со Грција – денеска нова битка во Халкида!

По убедливиот триумф над Луксембург на отворањето на квалификациите за ЕП 2028,...

Останати репрезентацииРепрезентација

Пет круга до целта: Далија Стојановска со 46. место на европското деби во велокрос

Далија Стојановска ги извози сите пет круга на јуниорската трка на Европското...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!