Трета лигаФудбал

Спортска Мрежа најави, ФФМ потврди: Еве како ќе изгледа Трета лига

Сподели
Сподели

Тоа што го најави ексклузивно Спортска Мрежа во текот на вчерашниот ден, денес Управниот одбор на Фудбалската карта на Македонија го потврди, познат е изгледно на Третата македонска фудбалска лига односно на сите шест региони.

Од сезона 2026/2027 ќе има шест региони еден повеќе во однос на претходните сезони кога беа активни пет региони.

Шампионите на шесте региони ќе играат меѓусебно бараж за влез во Втора лига, а баражите за опстанок во Втора лига во кои второлигаши играа против третолигаши стануваат минато.

„Во насока на унапредување на организацијата на македонскиот фудбал, Управниот одбор го усвои и предлог системот на ФФМ за уредување на организацијата и структурата на натпреварувањата на национално и регионално ниво во сениорскиот фудбал. Согласно усвоениот предлог, територијалната поделба на Фудбалската федерација на Македонија ќе биде организирана во шест региони“, велат од ФФМ

Регион 1: Ги опфаќа општините: Аеродром, Бутел, Гази Баба, Кисела Вода, Ѓорче Петров, Чаир, Карпош, Центар, Шуто Оризари, Чучер Сандево, Арачиново, Илинден, Петровец, Зелениково, Сопиште, Студеничани и Сарај.

Регион 2: Ги опфаќа општините: Липково, Куманово, Старо Нагоричане, Ранковце, Крива Паланка, Кратово.

Регион 3: Ги опфаќа општините: Кочани, Македонска Каменица, Свети Николе, Лозово, Делчево, Пехчево, Берово, Ново Село, Босилово, Василево, Конче, Струмица, Радовиш, Штип, Карбинци, Чешиново-Облешево, Зрновци, Виница, Валандово, Гевгелија, Дојран, Богданци и Пробиштип.

Регион 4: Ги опфаќа општините: Велес, Градско, Неготино, Демир Капија, Кавадарци, Прилеп, Долнени, Чашка, Росоман, Крушево и Кривогаштани.

Регион 5: Ги опфаќа општините: Битола, Ресен, Охрид, Струга, Вевчани, Дебарца, Кичево, Пласница, Македонски Брод, Могила, Демир Хисар и Новаци.

Регион 6: Ги опфаќа општините: Јегуновце, Теарце, Тетово, Желино, Брвеница, Боговиње, Врапчиште, Гостивар, Маврово и Ростуше, Дебар и Центар Жупа.

Иако првично беше најавено дека Свети Николе ќе биде во регионот 2 односно во Северниот дел, сепак останува во регионот 3 односно во Истокот, со што ФК Овче Поле ќе се натпреварува во Трета лига – Исток како и до сега.

 

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Штип УГД тргнува по нов трофеј: Суперкупот е првата станица кон одбрана на двојната круна

Нова сезона, нови предизвици и нова можност за трофеј за Штип УГД. Шампионот на Македонија утре во Тетово ќе го одигра Суперкупот, со...

ФудбалФутсал

Никола Анчевски се врати дома: Анче повторно во дресот на шампионот Проект

Шампионот Проект во еден ден претстави три нови засилувања, по промоциите на Андреј Коцевски и Кирил Неделков, тимот од Јосифово го претстави повратникот...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Никола Анчевски се врати дома: Анче повторно во дресот на шампионот Проект

Шампионот Проект во еден ден претстави три нови засилувања, по промоциите на...

ФудбалФутсал

Кирил Неделков е ново засилување на шампионот Проект

Македонскиот шампион Проект промовираше уште едно засилување, Кирил Неделков промовиран во тимот...

КупФудбал

КУП: Третолигашот Крошу Спорт против фаворитот Тиквеш во Неготино

Утре на Градскиот стадион во Неготино ќе се одигра уште еден меч...

ФудбалФутсал

Шампионот Проект се засили со младиот Андреј Коцевски

Македонскиот футсал шампион го претстави првото засилување за новата сезона, Андреј Коцевски...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!