Прва лигаФудбал

Силекс е есенски шампион, Тиквеш конечно победи, Работнички со висока победа над Пелистер!

Сподели
Сподели

Тиквеш конечно го дочека својот втор сезонски триумф откако во последниот есенски натпревар со 2:0 славеше над Брера Струмица, а со тоа успеа и да ја напушти опасната зона во Првата лига.

Во финишот на првиот дел Давид Манасиевски постигна гол за 1:0 на полувреме, а во финишот на мечот пак Кристијан Стојкоски постигна гол за конечни 2:0. На овој меч главниот судија Игор Стојчевски подели три црвени картони, два за домашниот тим, а еден го за гостинскиот тим од Струмица.

Дербито во Тетово меѓу Шкендија и Гостивар заврши без победник, но и без голови (0:0).

Работнички забележа висока домашна победа од 3:0 над Пелистер преку двата гола на Мазари и погодокот на Регхба.

Шкупи дојде до победа од минимални 0:1 над Беса во Гостивар и преку автоголот на Захов.

Силекс дома славеше минимална победа од 1:0 над Вардар со што кратовскиот прволигаш ја продолжува победничката серија. Стрелец на единствениот гол во Кратово беше Кристијан Ефтимов. Донов заработи директен црвен картон во 30. минута, а во 54. минута и Ѓуриќ од Вардар доби директен црвен картон.

Во финишот на мечот Брауновиќ со втор жолт картон беше исклучен од игра.

Силекс со овој триумф стана есенски шампион во Првата македонска фудбалска лига.

Струга Трим Лум преку двата гола на Христијан Малески славеше над Воска Спорт, во меч каде за охриѓани Клинтон беше стрелец.

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска лига, а колото ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20 го доби Астибо во меч од 18. коло на ракометната Супер...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска...

Втора лигаФудбал

Како може Вардар Неготино до бараж за опстанок во Втора лига?

Десет кола до крајот, 30 бодови во игра и нов тренер –...

ИнтернационалциФудбал

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски останува во Борац до 2027

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски и официјално ја продолжи соработката со Борац...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!