Турнири

Ресен подготвен за спектакл: Познати групите и распоредот за турнирот во мал фудбал „Ресен 2026“

Сподели
Сподели



Љубителите на малиот фудбал во Ресен и годинава ќе уживаат во возбудувањата на традиционалниот Меѓуопштински турнир во мал фудбал „Ресен 2026“, кој и овој пат ќе собере голем број квалитетни екипи и фудбалски ентузијасти.

Организаторите ги објавија групите и распоредот за првите натпревари на турнирот, кој ќе се игра во четири групи.

Во групата А ќе се натпреваруваат Студио 13, Враништа, Инекс Олгица и Никем. Во групата Б се сместени Солар Буилд, Екстра Скопско, Чардак Велгошти, Новаци Пеце Матичевски и Сливница.

Групата Ц ја сочинуваат Пекара Александар, ФК Ресен, Пропер Претор, Бел Мерцедес и Аце Најдески, додека во групата Д ќе играат АСП Пак, Струга, Горан Струја и Гулаби Бели.

Турнирот официјално ќе биде отворен во петок, на 12 јуни, кога ќе се одиграат четири натпревари. Од 19 часот силите ќе ги одмерат Никем и Инекс Олгица, од 20 часот следува дуелот меѓу Солар Буилд и Екстра Скопско, од 21 часот ќе играат Пекара Александар и ФК Ресен, додека вечерната програма ќе ја затворат АСП Пак и Струга со натпревар закажан од 22 часот.



Возбудувањата продолжуваат и во сабота, 13 јуни. Од 19 часот ќе се сретнат Пропер Претор и Аце Најдески, од 20 часот ќе играат Чардак Велгошти и Сливница, од 21 часот е закажан натпреварот меѓу Студио 13 и Враништа, а последниот меч на денот ќе го одиграат Горан Струја и Гулаби Бели од 22 часот.

И оваа година, спортскиот портал Спортска Мрежа ќе биде медиумски покровител на турнирот „Ресен 2026“, продолжувајќи ја поддршката на еден од најинтересните спортски настани во Преспанскиот регион.

Се очекуваат многу неизвесни натпревари, голема посетеност и вистинска фудбалска атмосфера, а учесниците ќе се обидат да стигнат до трофејот на едно од најатрактивните летни натпреварувања во мал фудбал.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Турнири

Екипи од четири држави доаѓаат на Ohrid Winter Cup 2026, пријавувањето продолжува интересот ОГРОМЕН, услови одлични!

Голем број екипи од Македонија веќе пријавија учество на меѓународниот детски фудбалски...

Турнири

(ФОТО) Power Team го освои првиот Меморијален турнир „Горан Трајчев“ во Кратово

Екипата на Power Team е победник на првиот Меморијален турнир во мал...

Турнири

Охрид подготвен за нова фудбалска приказна: Од 5 до 8 декември ќе се одржи Ohrid Winter Cup 2026

Охрид во зимски амбиент ќе биде домаќин на меѓународниот младински фудбалски турнир...

Турнири

Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“ со награден фонд од 250.000 денари – Брвеница подготвува голем фудбалски спектакл

Брвеница и оваа година ќе биде домаќин на Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!