Турнири

Атлетико пристига на Охрид Куп и носи силна конкуренција

Сподели
Сподели

Фудбалскиот клуб Атлетико од Битола е клуб кој работи во машкиот и женскиот фудбал со големи резултати зад себе, а кои резултати и успеси не се случајни. Со макотрпна работа, со голема посветеност кон секое дете, редовни тренинзи клубот постигнува големи резултати.

Во женскиот фудбал Атлетико даде над 50 репрезентативки, беше шампион во Втора лига, а има по двете титули во кадетската и младинската женска фудбалска лига на Македонија.

Посветен и во развојот на младинскиот фудбал и во машка конкуренција, а покрај во Битола рабои и со своја тренинг база за децата од Кукуречани и околината.

„Атлетико доаѓа со силни генерации на Охрид Куп и ни носи голема конкуренција, битолчани се гледаме на 18 јуни во прекрасниот Охрид“, велат организаторите на турнирот.

Турнирот ќе се одржи во период од 18 до 21 јуни и се однесува за генерации 2014, 2015, 2016, 2017, 2018 и генерација 2019.

Пријавувањата се отвори до среда. Секое дете добива медал и маичка, а тренерот добива тренерки, додека пак клубот добива бесплатна медиумска поддршка на Спортска Мрежа за цела 2026 година.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Турнири

Екипи од четири држави доаѓаат на Ohrid Winter Cup 2026, пријавувањето продолжува интересот ОГРОМЕН, услови одлични!

Голем број екипи од Македонија веќе пријавија учество на меѓународниот детски фудбалски...

Турнири

(ФОТО) Power Team го освои првиот Меморијален турнир „Горан Трајчев“ во Кратово

Екипата на Power Team е победник на првиот Меморијален турнир во мал...

Турнири

Охрид подготвен за нова фудбалска приказна: Од 5 до 8 декември ќе се одржи Ohrid Winter Cup 2026

Охрид во зимски амбиент ќе биде домаќин на меѓународниот младински фудбалски турнир...

Турнири

Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“ со награден фонд од 250.000 денари – Брвеница подготвува голем фудбалски спектакл

Брвеница и оваа година ќе биде домаќин на Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!