Младински фудбалФудбал

Помладите пионери на Каменица Саса есенски шампион во Трета лига, Митевски најдобар стрелец!

Сподели
Сподели

Каменица Саса е есенски шампион во Трета лига помлади пионери лига А, откако есенската полусезона ја заврши на првото место со 25 освоени бодови со учинок од осум победи, едно реми и два порази.

Во есенскиот дел младите „рудари“ реализираа 23 погодоци, а ја имаат најдобрата одбрана која примила само шест погодоци.

Саса е прва со два бода повеќе во однос на Силекс кој есенскиот дел го заврши на второто место со 23 бодови на своето конто.

Екипата на Каменица Саса е составена од играчи од Македонска Камниеца и Оризари, а тренерите на екипата се Столе Тошев и Благој Димитровски.

Каменица Саса го има и најдобриот стрелец во лигата, тоа е Александар Митевски кој постигна осум погодоци во есенската полусезона.

„Екипата која веќе две години се воигрува и се надополнува од помладите генерации на Саса и Академија Тошев од Оризари, оваа полусезона покажува резултати. Нашата цел е да бидеме прваци, а со тоа од следната сезона да се натпреварува во Втората младинска лига. Во пролетниот дел не очекува многу борба на фудбалските терени, оваа генерација има голем потенција, која во иднина ќе се наметни повеќе од сигурно и во првиот тим на Каменица Саса“, рече тренерот Столе Тошев во изјава за Спортска Мрежа.

Во Саса одлично се работи со младинските категории, тоа се покажува и со големи резултати во есенскиот дел. Работата на тренерското дуо Димитровски и Тошев дава голем резултат.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

ВИДЕО: „Лисиците“ пресилни за Аеродром, лидерот Еуромилк ГЛ се подготвува за Втора лига, три бода и за БВК Коњаре

Лидерот Еуромилк ГЛ забележа уште една убедлива победа откако во меч од 20. коло на Трета лига – Север со високи 3:0 славеше...

Кошарка

Денес се решава патникот во Првата лига: Гевгелија и Шар Планина во „мајсторка“ за Прва лига

Кошаркарската сезона во Аматерската лига влегува во својата кулминација, а денес во Гевгелија ќе падне одлуката кој ќе обезбеди пласман во Првата лига....

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

ВИДЕО: Фудбалскиот стадион „Езеро“ во Крушево – пример како со љубов се гради вистинска спортска приказна

Фудбалскиот стадион „Езеро“ во Крушево претставува вистински пример како со посветеност, грижа...

Втора лигаФудбал

Новаци денес оди по три бодови против Големо Коњари

Денес ќе се комплетира 25. коло на Втората македонска фудбалска лига со...

Втора лигаФудбал

Вардар Неготино си пресуди сам: На „Цвај арената“ се враќа третолигашкиот фудбал!

Вардар Неготино практично ја загуби битката за опстанок во Втората македонска фудбалска...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!