Прва лигаФудбал

Силекс ја продолжува соработката со стратегот Александар Васоски

Сподели
ФОТО: ФК Силекс
Сподели

Само неколку дена по големиот успех и освоениот трофеј во Купот на Македонија, Силекс потврди уште една важна вест за клубот и навивачите. Александар Васоски и официјално останува на кормилото на кратовскиот тим и во следната сезона.

Раководството на Силекс реши да ја продолжи соработката со стратегот кој сезонава го предводеше тимот до голем успех и обезбеди излез на европска сцена.

Васоски ќе биде предводник на кратовци и во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА, каде Силекс ќе се обиде достојно да ја претставува Македонија.

Клубот од Кратово зад себе има успешна сезона во која го освои Купот на Македонија, а првенството ќе го заврши на четвртата позиција зад Вардар, Шкендија и Струга Трим Лум.

Од клубот преку официјално соопштение ја потврдија продолжената соработка со Васоски.

„Тетовче мајсторе – Тетовче шампионе! ФК Силекс ја информира јавноста дека е продолжена соработката со шефот на стручниот штаб, Александар Васоски, кој и во наредната сезона ќе го предводи нашиот тим. По историската сезона и освоениот Куп-пехар, заедничката приказна продолжува со нови предизвици, нови победи и нови успеси на европската сцена ова лето. Шефот останува – до нови победи!“

Со продолжувањето на договорот, Силекс испраќа јасна порака дека клубот сака континуитет и стабилност по една од најуспешните сезони во последните години, а навивачите со право очекуваат нови успеси и возбудливо европско лето.

Сподели

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

(ФОТО) Деби со два гола за Даниел Миловановиќ, „Црна Река експрес“ помина низ Штип и го „прегази“ Мал Ајакс

Ништо од дербито во Штип, Црна Река како „експрес воз“ помина и го „прегази“ Мал Ајакс, откако тимот од Кавадарци со 1:4 беше...

Ракомет

Преполн „Млаз“, голема борба и враќање од минус шест – Младост се доближи на два гола, но Тиквеш ги однесе бодовите!

Ракометарите на Младост 1977 не успеаја да ја остварат првата сезонска победа во македонската Суперлига, откако во натпреварот од деветтото коло беа поразени...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Доброшти славеше во Дебар, Гостивар испушти 2:0, Џепчиште со „петка“

Доброшти со победа од 1:3 на гостувањето кај Кораби ја продолжи трката...

Трета лигаФудбал

Питу Гули од 3:1 до победа во 90+5, Големо Коњари со „шестка“ и хет-трик на Каришиќ

Драматичен пресврт во Неготино и убедлива победа на Големо Коњари го одбележаа...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!