ФудбалФутсал

Ибрахим Алији незапирлив: Футсалерот на Балкан со 44 гола убедливо прв стрелец во Македонија!

Сподели
Сподели



Ибрахим Алији од редовите на дебитантот Балкан ја одбележа сезоната во Првата футсал лига на Македонија и убедливо заврши како најдобар стрелец во шампионатот со дури 44 постигнати погодоци.

Футсалерот на Балкан беше вистинска гол-машина во текот на целата сезона и зад себе остави голема конкуренција. Втор на листата на стрелци е Марио Благојевски од новиот шампион Проект со 33 погодоци, додека третото место му припадна на Берат Рамадани од Форца, кој постигна 24 гола.

Веднаш зад нив се најде Иса Дурмишов од Мал Ајакс од Штип со 23 погодоци, додека по 22 гола постигнаа Фуркан Шабани од Јувентус Серава и Еркна Сеферин од Шкупи.

Меѓу најдобрите стрелци сезонава се и Ѓорги Коцевски од шампионот Проект со 21 погодок, како и Кристијан Стојановски од Осогово Крива Паланка, кој сезоната ја заврши со 20 постигнати гола.

Инаку, екипата на Проект испиша историја во македонскиот футсал, откако со максимални 18 победи од исто толку натпревари ја освои шампионската титула во Првата футсал лига. Тимот сезонава ја освои и Куп титулата, со што стигна до двојната круна.

Од елитното друштво испаднаа Балкан и Мал Ајакс, но и покрај тоа Алији и Дурмишов оставија силен впечаток со своите голгетерски изданија.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Јован Качевски ќе го суди дербито меѓу Љуботен и Скопје, Никола Петковски ќе им суди на Истатов и Кочани

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на дербито на 11. коло на Првата женска фудбалска лига во Тетово, меѓу лидерот Љуботен...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Шест победи, но нов противник: Македонија против Луксембург го отвора патот кон десеттото ЕП

Македонската ракометна репрезентација има совршен биланс против Луксембург — шест победи во шест меѓусебни натпревари. Во среда, од 19 часот во „Борис Трајковски“,...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Пукна „петарда“ во Кавадарци: Шампионот Проект убедлив против Клими, два гола за Трајче Димитриев

Македонскиот футсал шампион стигна до четвртата сезонска победа од толку натпревари откако...

ФудбалФутсал

Форца со шест гола го декласираше Бутел, Јасир Зекири со хет-трик

Поранешниот шампион Форца стигна до лесна и висока победа откако во гости...

Прва лигаФудбал

Струга си отвори пат до врвот: по победата над Вардар, следува директен дуел со Шкендија

Струга Трим Лум ја искористи шансата што стоеше како можност: со победата...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!