Трета лигаФудбалФутсал

Дарко Радески стави крај на судиската кариера: „Тешко е да донесеш таква одлука за нешто што си го работел со љубов“

Сподели
Сподели



Еден од најпознатите и најпочитувани фудбалски и футсал судии во Македонија, Дарко Радески од Брвеница, одлучи да стави крај на својата професионална судиска кариера.

Радески зад себе остава долгогодишна кариера исполнета со бројни натпревари во фудбалот и футсалот, а јавноста ќе го памети како судија кој секогаш беше максимално посветен на својата работа, но и како човек кој во еден момент стана вистински херој на теренот, за што објави Спортска Мрежа на 30 септември 2024 година.

Во натпревар од Трета лига – Запад меѓу Речица и Доброшти, Радески му го спаси животот на млад фудбалер на Речица, откако навремено реагираше кога играчот ја загуби свеста на теренот. Со присебна реакција му помогна на фудбалерот и спречи трагедија, потег кој доби огромна почит од целата спортска јавност.

Дарко Радески во разговор за Спортска Мрежа зборуваше за почетоците, најтешките моменти, но и за одлуката да стави крај на кариерата.

Зошто судењето беше ваш избор и како започна кариерата како фудбалски судија?

„Мојот татко беше поранешен сојузен судија, па веројатно и генот си го сторило своето, инаку почнав да судам по наговор на сега покојниот Мире Петрушески.“

Со оглед дека во вашата кариера судевте сениорски фудбал и футсал, што е потешко? Каде има поголем предизвик и одговорност?

„Секој натпревар си носи ризик сам по себе, менаџирањето е многу битен сегмент во судењето, инаку футсалот е многу потежок за судење, подинамичен и побрз.“



Радески во неговата кариера има судено повеќе од 500 натпревари во Трета лига – Запад, повеќе од 400 натпревари во младинските категории, а има и околу 80 футсал натпревари.

Кој меч ќе ви остане во најголемо сеќавање и кој беше најтежок за судење?

„Имало тензични и тешки натпревари, сега не би можел да издвојам некој посебно, но една сатисфакција моја е што сум немал прекинат натпревар.“

Колку е тешка одлуката да се стави крај на професионалната кариера како судија?

„Секако дека е тешко да донесеш таква одлука за нешто што си го работел со љубов, си бил посветен максимално, но и повредата на коленото која ја влечам долг период беше најголемиот причин за оваа моја одлука.“

Минатата сезона имаше немил настан кога спасивте живот на млад фудбалер. Колку присебноста е важна во таков момент?

„Не би посакал на никој да се најде во таква ситуација… Господ беше со сите нас во тој момент.“



Иако става крај на активното судење, Радески останува дел од фудбалот како контролор на судење.

Нов предизвик и ново поглавје?

„Па да, но ќе видиме што и како. Прво да одморам убаво, да посветам време малку и на семејството, пред сè на мојот 3-годишен син кој се надевам дека еден ден ќе ја продолжи судиската лоза во нашата фамилија.“

Дарко Радески зад себе остава значајна трага во македонскиот фудбал и футсал, а неговото име ќе остане запаметено не само по натпреварите што ги судеше, туку и по човечноста и присебноста што ги покажа во најважните моменти.

Инаку Дарко има брат близнак Даниел, кој е фудбалер и тренер. Приказна за која Спортска Мрежа пишуваше на 18 април 2025 година.

Во македонскиот спорт има личности кои со својата посветеност и искрена љубов кон играта оставаат длабока трага. Еден таков пример се браќата близнаци Дарко и Даниел Радески од тетовското село Брвеница – луѓе кои преку фудбалот и футсалот го живеат спортот на вистински начин, и оставаат позитивен белег каде и да се појават.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

„Добро бевме подготвени за натпреварот, а тоа го покажавме и на теренот“ – Ивановски по триумфот на Охрид во Езерското дерби!

Охрид убедливо го доби Езерското дерби, откако „гладијаторите“ со сигурна и доминантна игра славеа над Струга со 33-16. Избраниците на Борис Ројевиќ уште...

Кошарка

Суперкупот и купот на Македонија ќе се игра во Куманово, потпишана е соработка со КФМ

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, потпиша Меморандум за соработка со Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ), со што дополнително се зајакнува партнерството меѓу...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Вардар испушти победа во Куманово: Башкими се врати во финишот за 3-3

Актуелниот македонски шампион Вардар пропушти голема можност да стигне до нова победа...

Втора лигаФудбал

Македонија ЃП со Темелков до втора сезонска победа, Камјани со минимален поразен 

Македонија Ѓорче Петров стигна до втората сезонска победа во Втората македонска фудбалска...

Трета лигаФудбал

Шест региони, 74 екипи и една цел – стартува новата сезона во Третата македонска лига

Новата сезона во Третата македонска фудбалска лига 2026/27 започнува овој викенд, а...

Втора лигаФудбал

Голема трагедија: На само 21 година загина поранешен фудбалер на Тетекс

Тажна вест го потресе тетовскиот и македонскиот фудбал. На само 21 година...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!