Останато

„Охрид Опен 2026“: Прв отворен турнир во спортско стрелаштво ќе се одржи во Охрид

Сподели
Сподели



Стрелачкиот клуб „Охрид“ официјално ги покани сите активни членови, рекреативци, пријатели и љубители на спортското стрелаштво да бидат дел од првото издание на турнирот „Охрид Опен 2026“, кој ќе се одржи на 23 мај на стрелиштето Бејбунар во Охрид.

Станува збор за прв отворен турнир во спортско стрелаштво со огнено оружје, а натпреварувачите ќе можат да се натпреваруваат во две дисциплини – пиштол на 25 метри со фиксна мета и карабин на 80 метри.

Во дисциплината карабин на 80 метри ќе се гаѓа со репетирачки карабин, во стоечки став и со механички нишани, а натпреварувачите ќе имаат по 10 истрели во времетраење од три минути. Метата ќе биде силуета од диво прасе со димензии 70х40 сантиметри.

Организаторите објавија и детална програма за турнирот. Пристигнувањето на учесниците е предвидено од 09:30 до 10:00 часот, по што ќе следува официјално отворање на турнирот.

Првата партија започнува во 10:30 часот, втората во 11:10, третата во 11:50, четвртата во 12:35, петтата во 13:15, а шестата во 13:55 часот. Завршувањето на натпреварите е планирано за 14:25 часот, по што од 14:30 до 15:00 ќе се одржи церемонијата за прогласување, доделување награди и официјално затворање на турнирот.

Котизацијата за учество во една дисциплина изнесува 600 денари, додека за втора дисциплина се доплаќаат 400 денари. За учество во двете дисциплини вкупната котизација изнесува 1.000 денари.

Пријавувањето се врши преку е-маил на sk.ohrid@yahoo.com, најдоцна до 20 мај, додека уплатата на котизацијата треба да се изврши најдоцна до 22 мај до 14 часот на сметката 250 000 300 12 98 48 во Шпаркасе Банка Охрид.



Од Стрелачкиот клуб „Охрид“ апелираат сите учесници да ги почитуваат правилата за безбедно ракување и користење на оружје, со цел турнирот да помине во спортски и безбеден дух.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

КупФудбал

КУП: Истатов домаќин на Тиверија Брера, Каменица Саса ќе има лесна задача, Пелистер и Љуботен домаќини

Денес беа извлечени двојките за четвртфиналето од Купот на Македонија во женска конкуренција. Во оваа фаза од Купот пласман обезбедија само прволигашите. Истатов...

Втора женска фудбалска лигаФудбал

Билјанини Извори го доби Топ Гол, Јоана Никова херој: Охриѓанки со одличен старт во новата сезона

Денес се комплетираше второто коло на Втората женска фудбалска лига откако Билјанини Извори со 2:1 славеше над ланскиот прволигаш Топ Гол од Битола...

Поврзани написи
Останато

ФОТО: Работнички Скопје е освојувач на „Чајка“ Супер купот на Македонија, откако славеше убедливо над Вардар ЕМ

Работнички Скопје е освојувач на „Чајка“ Супер купот на Македонија откако славеше...

Останато

Работнички и Вардар ЕМ за првиот „Чајка“ Супер куп трофеј

Актуелниот шампион Работнички Скопје и освојувачот на Купот на ОФМ за 2026...

Останато

Шампионот УГД Штип и Борец за првиот Супер куп трофеј

„Бранко Хаџииљоски – Чајка“ Супер купот денеска ќе обедини два значајни моменти...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!